Фан клуб - РК Вардар

Лигата ја освоивме,што значи следна сезона ни е обезбедено учество во ЛШ,плус костурот на екипата останува,практично цела постава што го доби натпреварот во Битола ќе ја имаме и следна сезона.(ако не испадне нешто неочекувано).
Ако вечер го лапнеме и купот ќе биде само јаготка на шлагот,а како стојат работите јас сум многу поголем оптимист за вечер отколку за натпреварот во Битола,мислам дека играчите на Пелистер се психички паднати веќе и размислуваат за следната сезона кога ќе играат во нови клубови.После оние свирежи во Битола што ги добија не верувам дека некој од нив ќе има желба да изгине на терен.

Од друга страна нашиве пукаат од самодоверба и мислам дека ќе имаат далеку поголема мотивација за победа.
Шансите би рекол дека се 60-40 на наша страна,ако победиме супер,ако изгубиме пак ќе бидам задоволен од сезоната,кога ќе ја погледнам целокупната слика си ги завршивме првично зацртаните цели.
 
Какви гревови се овие РФМ,финале на куп се игра немаат линк,битно Текстилец со Вардар Неготино ја пренесуваат.:tapp:
 
Šo e rabotava so strimov na RFM? Zar e možno da nema link od finale kup? Kaj ima da se glea?
 
На сајтот на МРТВ имате пренос во живо од сите нивни канали.
 
Овој Дејвис има побарано некогаш тајм аут? Јас не памтам некогаш да имал кога го гледам Вардар. 7 0 серија му прават, тој дреми ко мисир. :facepalm:
 
Добро бе Дејвиде 7-0 серија чекаш за тајм аут?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom