Фан клуб - РК Вардар

Влезот со еурофарм ќе е безплатен, ама како ќе се влегува? треба карта да се набави од некаде или директно идеш на врата чекаш ред си влагаш? Што ако дојдат 12000публика како ќе знаат до колку да пуштат? Нејасно некако а?
Не верувам да има повеќе од 2000 публика, така што немаш гајле, доаѓаш и си влегуваш.
 
Влезот со еурофарм ќе е безплатен, ама како ќе се влегува? треба карта да се набави од некаде или директно идеш на врата чекаш ред си влагаш? Што ако дојдат 12000публика како ќе знаат до колку да пуштат? Нејасно некако а?
Единствено што е јасно е дека и понатаму клубот организациски и маркетингшки не е дораснат на нивото кое го има или сака да го има. Да продаваш сезонски карти пред почеток на сезона кои покрај ЛШ и СЕХА важат и за домашно првенство и пред единствената значајна утакмица да објавиш слободен влез без било каква организација (бесплатно подигање на карта од билетара, на пример) е тотален аматеризам. Проценките дека никој не се пали на домашно првенство или дека ќе има само 3-4.000 публика се паушални и сериозен клуб не треба ни да размислува на тој начин. Пуштија и карти за Веспрем во слободна продажба со напомена дека тоа седиште важи и за во сабота со Еурофарм, па сега очекувајте расправии со рандум гледачи кои во сабота ќе влезат во Јане после долги години и ќе се објаснуваат дека може да седат каде сакаат. Значи, Вардар ја игра единствената значајна утакмица до крај на првенството и полна сала и максимална поддршка е она што му треба, па макар било како во Расадник пред 20 години или подоцна на Кале кога едни стоеја на столчињата а други на бетонот меѓу двата реда столчиња, но вакви аматерски потези не доликуваат на двократен европски шампион.
 
 
Лошо е што Дејвис касно бара тајм-аут. Доста слабо иде, а и Пелистер игра добра одбрана засега.
 
станица, тогаш се надевам дека во периодот кој ќе следи Додиќ ќе има улога во ротација да е наш трет среден бек, односно опција зад Карапалевски како втор среден.
..
 
Како заврши прво и како почна второ, се гледаше дека ќе изгубиме. Битолчани си одиграа супер во одбрана, башка и Кизиќ им фати доста топки (со свој камен по свој грб, така ли беше тоа?). Судиите си беа супер, дури мислам дека и во една ситуација му прогледаа низ прсти на Тото и не го исклучија. И џабе е кога Гаџа толку топки продаде, а Борко до 35-40 минута стоеше на гол, и генерално се немаше некаква идеја. Карапалевски ја забрза играта колку толку. Танкоски изигра бајаги добро кај нив и они дури и немаа ротација. Така да поразов оди најмногу на наша глава и нека е памет да не се потценува. Во Битола ќе мора бајаги подобро да изиграат ако сакаат титула.

И да, не му требаше тоа на Столе.
 
Поштено победија,чисто ко суза.Нема што
Два тима со сличен квалитет, денес Пелистер имаше негов ден и тоа е тоа.
ПС Кизиќ слабиот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom