Фан клуб - РК Вардар

Мислите дек сте во ситуација да бирате среден бек.Гаџа и онака е лош среден бек непрајт грешки ама визија за креација и пробивност лоша типичен 3 опција во по саглам клуб. Земај Додиќ и накриви капа ситуацијата во која е Вардар на позиција лев и среден е трагична.
 
Лазаров откри дека ова ЕП му било последно првенство на Столе, можеби ќе ја завршува кариерата и на клубски план. Како што напишав и во темата за репрезентација, голем хендикеп ќе е тоа за нас, можеби не толку на играчки план колку на мотивационен... :(
Столе ти си наша икона! :oleee:
 
Сериозни сте за Додиќ ? Дечкото е чист просек и ништо повеќе...
Лош период е сега да се најди слободен и јак играч, па ова е дај шта даш...
Некој па пиша има мУда да шутира :pos: Па и Јагуриновски има, ако сака, знај да изигра и на среден :D
Дечково авантура ќе има во Киелце, колку Орката шо имаше во РНЛ, ќе моли да се врати на балканот :)
 
Какви играчи имавме и квалитетни и храбри момци ова сега хаос на толку школи толку првенства ракометар не излезе.
Се согласувам, никогаш сме немале подобри услови за работа од ова денес што го имаме, искрено лигата ни е доста солидна, многу млади играчи треба да горат од желба да се докажуваат против/во екипи како Вардар и Пелистер.
Многу странски играчи пред се од балканските држави (Србија, Црна Гора, Хрватска) гравитираа во нашата лига и се градеа како играчи, голем дел обезбедија трансфери во топ екипи и тежат во ракометниот свет.
Ние стагнираме, сеуште се базираме на талентот на Талески и Кузмановски кој ете никако да се прикаже веќе 6-7 години.
Проблемот го гледам во нестручноста на тренерите во младинските категории, а голем проблем е сигурно и менталитетот на децата.
Не знам колку и дали воопшто можат да работат тренерите со децата на психолошки план, не може играчи кои ветуваат на 18-19 години кога ќе надминат 20 години да ги снемува од ракометната мапа.
Конкретен пример е Карапалевски, детево многу ветуваше во 2016, беше еден од најдобрите играчи во неговата генерација, имаше одлични движења, пробиви, брзина.
Сега кога влезе во посериозни години него го нема никаде, најверојатно треба да менува професија.
Овие генерации се понашаат како да се вработени во државната администрација, чекаат некој странски рскометар да им ја заврши работата, а тие на први да си земаат плата.
Страшно лош менталитет е ова, можеби и главна причина што немаме извадено никаков играч.
 
Колку сме слаби во напад, мајко мила.
Се повреди Гаџа, а без него нема кој да направи акција. Нула додавања на крила и пикер, ни 5 гола од позиционен напад немаме дадено. Ако се повреди Гаџа, толку е од сезонава.
Споредбено со опцииве кои ги имаме на бек, Јања Војводиќ и Терзиќ ги гледам како Хансен и Карабатиќ.
 
Тоа е цената кога имаш еден играч на поиција исто ако не и бетер е и лев бек таму за сега имаме две дрва .
 
Сериозна е повредата на Гаџа ? Не бев во можност да следам, фатив некоја минута само и не знам што се случува.
 
Ако ништо друго барем пруживме солидна партија во одбрана, иако овие и на празен гол би утнале.
Нема логика за ваков натпревар да не е земен Карапалевски, не знам каде би добивал минути инаку...
 
Среќа ги начекавме Војводина "село без кучиња", а како ги најави на почеток на утакмицава.. тимот кој супериорно владее со српското првенство. Да ти се стресат гаќите. :D
Нападот има уште многу за работа, ама одбраната заличе на нешто. Сепак, ги остаивме на 16 гола. Колку и да беше лоша Војводина. Во второ полувреме до 15та минута само 2 гола примивме. Во последните десетина минути да не усеревме неколку нелогични топки и помалку голови ќе примевме.
Само пак ќе речам, ако е посериозна повредата на Гаџа, го јадевме кикирикот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom