Какви играчи имавме и квалитетни и храбри момци ова сега хаос на толку школи толку првенства ракометар не излезе.
Се согласувам, никогаш сме немале подобри услови за работа од ова денес што го имаме, искрено лигата ни е доста солидна, многу млади играчи треба да горат од желба да се докажуваат против/во екипи како Вардар и Пелистер.
Многу странски играчи пред се од балканските држави (Србија, Црна Гора, Хрватска) гравитираа во нашата лига и се градеа како играчи, голем дел обезбедија трансфери во топ екипи и тежат во ракометниот свет.
Ние стагнираме, сеуште се базираме на талентот на Талески и Кузмановски кој ете никако да се прикаже веќе 6-7 години.
Проблемот го гледам во нестручноста на тренерите во младинските категории, а голем проблем е сигурно и менталитетот на децата.
Не знам колку и дали воопшто можат да работат тренерите со децата на психолошки план, не може играчи кои ветуваат на 18-19 години кога ќе надминат 20 години да ги снемува од ракометната мапа.
Конкретен пример е Карапалевски, детево многу ветуваше во 2016, беше еден од најдобрите играчи во неговата генерација, имаше одлични движења, пробиви, брзина.
Сега кога влезе во посериозни години него го нема никаде, најверојатно треба да менува професија.
Овие генерации се понашаат како да се вработени во државната администрација, чекаат некој странски рскометар да им ја заврши работата, а тие на први да си земаат плата.
Страшно лош менталитет е ова, можеби и главна причина што немаме извадено никаков играч.