Фан клуб - РК Вардар

 
Гостувањето во Кил и онака е изгубено. Само да не биде катастрофа.Важно е да биде спремен за европската фармација.
 
Гостувањето во Кил и онака е изгубено. Само да не биде катастрофа.Важно е да биде спремен за европската фармација.
Не е проблем утакмицава со Кил, туку фактот дека имаме еден среден, што го збориме од септември.
 
Ја мислам ќе донесат некој зимава, дали ќе биде за повеќе од 6 месеци ќе видиме.

Па тоа би било логично, али Вујо стално вика дека нема на пазарот тоа што бараат. Сигурно сакаат да донесат некој централен кој може да направи разлика, а не уште еден Мишевски или Карапалевски.
 
Па тоа би било логично, али Вујо стално вика дека нема на пазарот тоа што бараат. Сигурно сакаат да донесат некој централен кој може да направи разлика, а не уште еден Мишевски или Карапалевски.
Шеваљевиќ шема. Ќе земат некој не толку привлечен да видат дали ќе блесне. Ако, не, го шутнат.
 
Вечер не чека еден од оние тешки и болни натпревари за гледање кај што знаеш уште од почеток дека немаме никакви шанси,посебно без среден бек,жално е што се повеќе има вакви натпревари последниве години.
Искрено не гледам начин како може да се спротиставиме,очекувам Вујо да почне со 7 на 6 уште од старт и да не напунат на празен гол.
Се плашам само да не јадеме некој сериозен дебакл пошто Швабите не знаат да застанат ако им влеземе во машината.
 
Јас не би се надевал премногу на некакво значајно засилување зимово. Веќе на големо се зборува дека раководството има потешкотии со обезбедување на финансиската конструкција за следната сезона. Оттаму и заминувањето на Тото на крајот на сезонава, како и понудата на Еурофарм Пелистер кон Томовски за следна сезона. А, со оглед на тоа што Гоце во една изјава од вчера, завчера спомна дека и други работи зад сцената влијаат на формата, не би бил изненаден и веќе да има финансиски потешкотии во клубот. Околу мечот со Кил вечерва, само се надевам дека нема да биде пораз поголем од 5, 6 гола разлика.
 
Последно уредено:
Кил низ историјата на Вардар му е најнезгодна екипа. Мислам дека имаме само две победи и една нерешена а се друго се порази од кои повеќето катастрофални. Сега засега резултатот е пристоен, само да не влезат у второ полувреме у машинеријата и да испијат дебакл.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom