Не се зезајте со тоа дека фалеле играчи и дека ги потцениле многу, и со овој тим и со десет минутен сериозен ракомет Пелистер 2 е прелесен залак за нас. Не го гледав натпреварот али Гаџа на првиот тим нивни им се шета кога сака и како сака во одбрана и редовно ги пуни со голови, тука само еден гол. Њокаси и Моралес на тимови со послаби одбрани во ЛШ имаа 13/13 статистика, тука Благојче и Арсеновски ги сопреле дека играле со срце?

Очигледно е дека веќе е нарушена атмосферата во тимот и ова највеќе личи и на веќе тивок бојкот кон Вујо од оние кои се најкритикувани од него. И на прес-конференцијата после Кил можеше да се осети тоа од изјавите. Вујо кажа дека одбраната била одлична во прв дел (и тука сака да се пофали сам себе зошто во принцип важи дека работа на тренерот е да ја постави одбраната, а за нападот побитен е индивидуалниот квалитет и решенија на играчите), на што Столе одма мавна контра дека не била одбраната добра, туку се створила лажна слика ради одбраните на Томовски кои кога ги снема во вториот дел ни се деси потоп, што е многу поблиску до вистината. Вакви порази се дешаваат најчесто кога чкрипи нешто во тимот, а не кога ќе се потцени противник кој е реално неколку класи зад нас, со потценување може првиот нивни тим да не победи, за вториот им тим треба многу повеќе од тоа.
И на крај, далеку е од тоа дека сме ја изгубиле титулата, напротив и многу послатко може да биде вака кога ќе ни треба победа и во Битола, доста им беше лани што им отидовме несериозни таму.