И покрај се пак го имавме моментот за евентуално враќање во натпреварот, ама усравме доста топки во тие моменти. Имавме шанса до 45.минута да спуштиме на 3 или 2 негатива, ама се обратно правевме на терен во тие моменти. Штета, пошо публиката беше во елемент и се чуствуваше потешкотија во нападот на Монпеље. За разлика од првото полувреме во второто се забележа онаа крв во дефанзива и пристап на терен ама како што кажав претходно, не успеавме да свртиме пред се на наши грешки кои Монпеље многу нормално си ги казни со лесни голови и избега на 7-8 од каде веќе беше нереално да се вратиме. Одлично бевме простудирани денес, они искачаа по двајца на секој обид на наш бек да се крене а во таква ситуација нашите бекови трева да имаат спремено акција а не да се губат као што беше случај. Имам спомнато неколку пати и во постови после победите во ЛШ дека не ми се свиѓа што немаме разноврсност во нападот. Немаме конекција на бековите со крилата, немаме алтернативи кога бековите ќе бидат затворени за индивидуални акции и тоа итекако се виде денеска. Плус по којзнае кој пат ќе спомнеме дека фали продорен центар кој денес ќе и правеше проблеми на оваа одбрана на Монпеље и ќе направеше бековите да се осеќаат многу покомотно, ама тоа е тема за посебна дискусија. Ќе мора Вујо многу да работи на тоа поле ако сакаме да не се повторуваат вакви натпревари. Плус денес и голманите не беа на ниво ( тоа што фатија пар топки коа беше решен натпреварот не го рачунам).Не е поразов од Монпеље толку болен, реално треба да уживаме во секој натпревар во ЛШ и ваквите порази да ни посочат каде треба да се подобруваме за во иднина.