Фан клуб - РК Вардар

Се е океј со еуфоријата и битната победа против Мешков, Комити и публика во сала ама во ракометниот свет ова што го направи и изјави Гурбиндо е голем чекор назад, поготово со тоа дека едно му било ветено а друго била реалноста.

Не би се надевал ни на некое позвучно име, а да не праиме муабет за скандинавци тука, мислам дека ќе треба да имаме некоја година стабилен и сериозно воден клуб за да можеби пак можеме да изгураме некој проект близу овој на Сергеј што беше.

Мислам дека клучно за тоа дали ќе имаме пак пропаст сезона или не ќе биде дали ќе донесат уште еден среден бек ама немам некоја голема надеж.
 
Ако носат некој ќе биде некој при крај на кариера заборавен, или некој не од Европа играч. Според мене. Ама прашање и дали ќе донесат некој. Него, тие Никел, нов спонзор се некој? Не ги памтам, а ептен беа истакнати на дресот и на терен.

Ако не носат Вујо сигурно ќе праи комбинации со О.Њокас на центар, нема друго.
 
Ако носат некој ќе биде некој при крај на кариера заборавен, или некој не од Европа играч. Според мене. Ама прашање и дали ќе донесат некој. Него, тие Никел, нов спонзор се некој? Не ги памтам, а ептен беа истакнати на дресот и на терен.

Тоа е уствари Фени од Кавадарци. Од пред неколку години го сменија името во ЕуроНикел. Еве некој одговорил дека и лани биле спонзори, но и јас сега првпат ги приметив
 
Значи сеа за да донесеме среден бек кој ќе може да игра во ЛШ и Македонско првенсто ќе треба да биде баш некој квалитетен поради условот да биде од топ 15 репки во светот и да има доста репрезентативни настапи. У превод треба да се фокусираме на некоја подзаборавена ѕвезда (бивши репрезентативец) кој игра во клуб кој не настапува во ЛШ.
Така му доаѓа, да. Ќе мора некој таков да се бара, пошто Гаџа сам не може, ќе прегори :D
 
Bi bilo dobro da kupat nekoj juniorski reprezentstivec I nekoj dobar iskusen sreden bek... Pelko go iskopaa od vtora Liga pa soliden bese, ima dovoljno dobri igraci neka otvorat oci nasive.
 
Инаку правилото е да има одреден број на настапи (над 10-15 мислам) и репрезентацијата за која настапува да биде во топ 15 во светот, играчот кој беше договорен од Бразил не го исполнувал вториот критериум.
 
Значи сеа за да донесеме среден бек кој ќе може да игра во ЛШ и Македонско првенсто ќе треба да биде баш некој квалитетен поради условот да биде од топ 15 репки во светот и да има доста репрезентативни настапи. У превод треба да се фокусираме на некоја подзаборавена ѕвезда (бивши репрезентативец) кој игра во клуб кој не настапува во ЛШ.
Стручњак, те поздрави Санталов
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom