Фан клуб - РК Вардар

Ќе нагазат во второ. Не можам да го прежалам Чупиќ ја, борбен е и на вакви натпревари.
Исто и јас.
Играч како него тешко дека ќе имаме уште еднаш. :(
Едноставно ЛЕГЕНДИШТЕ!
И уште 100 пати ќе напишеме, срамота за управата на клубот ако не се решат да го повлечат дресот со број 27.
И тоа е малку спрема ова што Чупиќ го прави изминативе 5 години.
 
Каков ролеркостер е натпреваров :pos:
Им прават 7-0 со играч помалку, освен Чупиќ, другиве бекови отишле на распуст од којзнае кога :pos::pijanco:
Серија 7-0 за помалку од 10 минути, на ранг на Ринија човече :D
 
7-0 ни праат овие, нека се утепаат сите..
 
Ајде да не се зафркаваме. Дај да ги треснеме, да не си искомплицираме работа.
 
Зошто да се реши работата, кога може да е комплицирано? :D
Нека се тресат до последно коло, мора прв тим да игра по 60 минути со сите екипи, дека не може со резервите ни Струга да ја тепаат.
Ќе биде интересно со Металург во последно коло, а богами и со Пролет на гости :D
Со кого играме трета утакмица?
Автоматски споено мислење:

Ако ја завртат го бришам акаунтот одма :D
 
Последно уредено:
Требаше да ги плеснеме. Ама многу опуштено играа, несериозно, предноста си го направи своето.
 
Им попуштија да се доближат да имаат надеж и после си ги решија за да им биде покриво што изгубиле.:D


Металург и Пролет се ситна риба ќе ги збришат без проблем,ајде честито нека ни е титулата.:pijani:
 
Ќе ја ебеа сезоната од глупости.
Да спомнеме неколку работи:
Диско со ваква игра брате ни во Динамо Букурешт нема да си првотимец. Чудо едно каков алиби играч си. Јотиќ без никаква идеја, кога ќе ми текне што им правеше Гаџа на првата, како лесно им проаѓаше низ одбрана. Во второ полувреме имавме голман или не? Ниедна одбрана, така? У одбрана Диско и Шеваљевиќ ги избушија. До толку бев очаен што посакував Тале да влезе. Чисто да пробаме.
 
Не би ме изненадило Металург да ги тепаат Битолчаниве. Они ќе мора да запнат многу сериозно до крај, овие више и психолошки се скршени. Само ние да не направиме некоја глупост.
 
Далеку сме ние од Европски ракомет. Што е ова, селска лига, ццц...

Сеа коа ќе видиш, си викаш боље да летаат шо поише од овој тим.
 
Траљаво, како што се очекуваше.
И 100 да тепаа во Скопје, ќе чекаа пак до 99 да ни дојдат за да ја намалат разликата.
Прелабава игра, освен на Чупиќ, Калараш и Дибиров, па и Жутиот. Повторно ги реши ладната вртимушка на Тимур, како само ги дава алал да му е.
Се гледа дека никој не го ебава Алушот, распуштени се одамна. Играат колку да се доигра. Дисингер си го ладеше до крај и си брцна 3 гола во 2 минути како од шала.
Вака ако играат, може и да изгубат некој бод некаде.

На 23-ти играме дома со Бутел, па на 27-ми на гости со Струга, па на 30-ти на гости кај Пролет и на 3 јуни дома со Металург.
Не знам за вас, ама мене ме плашат последниве две. Евидентно е дека немаме квалитет во поширокиот ростер. Толку многу леви бекови, сите за во канта. Шеваљот ветуваше нешто на почеток, ама испадна тешко промашување.
Тале не го ни коментирам. Дисингер како дувне ветерот.
Ептен фали Гаџа, таман фати константност во играта. Пример некоја повреда на Чупиќ, Калараш или Дибиров и толку е, може да се сликаме и против Струга :D
Да имаше публика годинава они ќе беа уште помотивирани и сигурно ќе ни земеа титула. Многу поширок состав имаат, ние по 60 минути со исти ракометари играме.
Што побрзо нека заврши сезонава и се надеваме на освежување од наредна година.
 
Брука. Да изгубиш од гревовиве треба стварно да одиграш мизерен натпревар, што и се случи. Го разбранија циго кај нив, за разлика од нашиов дембел на гол кој ништо не фати сурат му ебам бе :D, и нормално дека ќе си победат зашо да не. Као што вика Сајбер, коа имаш перформанс бетер од Ринија,нормално е дека ќе изгубиш. Многу се летнати у облаци ракометариве. Се навикнаа да играа ужасно па после да се враќаат ама не иде секад така. Ако мислат дека со истиов пристап ќе поминат лесно и со Пролет на гости се заебале, па и Металург дома може да биде гадна ако се игра вака.И нека завршува сезонава да не ги гледам више Јотиќ, Шеваљевиќ и слични. Оној посранконо од тренер веќе изгубив желба да го коментирам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom