Фан клуб - РК Вардар

so ovoj budzet vujo e pravo resenie. dzabe spanci ako nemozes da sklopis ekipa. podobro poeftin balkanec sto gi znae prilikite i moze da privlece balkanski zvezdi nego spanec sto ke bara igraci sto nemoze da si gi dozvolime.
 
Далеку од тоа дека не е добредојден во Вардар, проблемот со Вујо во Вардар е тоа што треба да се помириме дека буџетот нема да дозволи звучни имиња. Ако он биде поставен за тренер се знае кој ќе биде максимумот. Ќе треба полека да се навикнуваме на носење анонимуси како во минатото, па што биде нека биде. Не дека овој сегашниов значеше дека ќе играме Ф4, ама имаше надеж дека можеби е привремено решение.
 
Па реално (барем јас) а мислам и најголем дел од форумов сме помирени дека тие времиња бар во моментов се позади нас. Сега сме пак во онаа фаза каде ќе се гради тим кој на атмосфера и секако среќа во ждрепка ќе се обиде да им ги замрси сметките на фаворитите. И самиот Михо во интервјуто на 24ракомет спомна дека во моментот амбиција во ЛШ би била 1/8, па што биде. Кога е више така мислам дека Вујо е вистинската фаца, и со него на клупата со оглед на тоа дека одлично ја познава ситуацијата со балканските таленти ќе можеме да се надеваме дека ќе излезе некој нов Карачиќ.
 
На почеток на сезоната јас бев еден од тие што не го сакаа Вујо за тренер,мислев дека може негативно да се одрази неговата енергија врз дел од постарите играчи.
Сепак навивачите се толку против Стевче што едноставно неможе да замислам да продолжи и наредна сезона и после секој пораз да се труби за негова оставка.
Затоа Вујо во моментов е можеби најдобро решение,не дека со него ќе имаме некои резултати ама за екипа со ваков буџет е одличен тренер,ќе донесе некои таленти од регионов ќе направи атмосфера во екипата(што кај Алушевски не постоеше)и ако ништо друго ќе гледаме интересни случки на натпреварите со него на клупата.

Знам дека сите сакавме некој Шпанец или помодерен тренер ама да бидеме реални неможе да си дозволиме такво нешто во моментов,плус за да донесеш тренер како Раул мора да имаш стабилен буџет и да донесеш играчи што ќе ги побара,ако се сетиме и на Раул му требаа неколку сезони за да донесе играчи што ќе одговараат на неговиот систем.
Сега со буџетот што го имаме треба да се навикнеме дека секоја сезона ќе ги губиме најдобрите играчи затоа што ќе одат во посилни клубови,како Јотиќ сезонава.
Така да ќе си функционираме како периодот пред Самсоненко.

Како и да е само чекам да дозволат публика па да изгрмиме во сала,тоа ќе биде најголемо засилување за екипата,инаку луѓе како Вујо се секогаш добредојдени во Вардар.:)

Мала фантазија ама уште појако би било да ги треснеме Барса и Веспрем и да освоиме Ф4 со Вујо на клупа :icon_mrgr:

marking-your-territory-like-a-boss

Мочање и маркирање територија :kuracc:
 
Сомнителен делува текстов. Ко србиве да превзеле информации од интервјуто и да си дедуцирале заклучок.
 
Сомнителен делува текстов. Ко србиве да превзеле информации од интервјуто и да си дедуцирале заклучок.

Тип од надзорниот одбор на Извиѓач изјавил дека Вујо 99% иде у Вардар и дека веќе доставил понуда за Милош Кос до нив..
 
Вика дека СЕ СЛУША дека е договорено. Најверојатно и он чита на нет. Абе мене никој не мора да му убедува за оваа работа. Јас тврдам од пред година дека ова ќе се деси, иако мислам дека е лош потег.
 
Вика дека СЕ СЛУША дека е договорено. Најверојатно и он чита на нет. Абе мене никој не мора да му убедува за оваа работа. Јас тврдам од пред година дека ова ќе се деси, иако мислам дека е лош потег.

Епа се зборува де, тамо у Босна одма се се знае..веќе знаат и у Борац рашириле веста:).
 
Луѓе, толку можеме со овој буџет. Јасно е дека сите сакаме Шпанец, ама толкава ни е чергата. Се надевам дека наскоро ќе го разберат тоа и оние што се уште се летаат дека ќе одиме на Ф4, дека пак ќе освојуваме ЛШ. Треба чудесно да ни се поклопат коцките за повторно да стигнеме во Келн.

Многу поважно од тоа во моментов е тоа што Вардар постои. И фала му на Михајло за тоа. Многу лесно можеше да се случи да банкротираме и клубот воопшто да не биде на ракометната мапа.

Денешниот Вардар со Вујо на чело нема да освои ЛШ, но со фанатична публика во сала може да ни донесе уште многу среќни и незаборавни моменти.
 
Не секогаш балканските тренери се поефтини од останатите. Баш напротив, во многу голем дел од случаите имаат повисоки финансиски побарувања од останатите тренери низ Европа, особено оние кои имаат некакво име и кредибилитет. Далеку од тоа дека не можеме да си дозволиме тренер од Шпанија, не сме до толку боси. Талант, Пастор, Рибера, Гонзалес и ним слични нормално дека ни се off-limits, али тренер од калибарот на Писонеро кој работи во Шпанија би можеле да донесеме. Тимот си има цели и буџет и во рамки на истите тој тренер ќе си ја создава екипата.

Но, да го оставиме тој муабет на страна. И јас како и Косте сум одамна убеден дека Вујо ќе биде новиот тренер и генерално го поддржувам тој чекор.
Вујо никогаш не заостанувал во поглед на неговото тактичко знаење позади било кого, проблем му бил краткиот фитиљ и карактерот како што и сите знаемe. Некако како проаѓаат годиниве станува уште понервозен и мислам дека во многу ситуации со таа негова нервоза ја прави и целата екипа понервозна и само ја комплицира работата уште толку.

Но, ајде да видиме дали дефинитвно ќе се одвиваат работите во насоката за која што збориме. Овој Кос кој што се споменува го знам, но тука завршува причата. Настапуваше за Борац сезоната 2018/2019 кога уште беа СЕХА учесници и знам дека влезе на една/две утакмици кога веќе беше решен мечот.
 
Последно уредено:
Не секогаш балканските тренери се поефтини од останатите. Баш напротив, во многу голем дел од случаите имаат повисоки финансиски побарувања од останатите тренери низ Европа, особено оние кои имаат некаков име и кредибилитет. Далеку од тоа дека не можеме да си дозволиме тренер од Шпанија, не сме до толку боси. Талант, Пастор, Рибера, Гонзалес и ним слични нормално дека ни се off-limits, али тренер од калибарот на Писонеро кој работи во Шпанија би можле да донесеме. Тимот си има цели и буџет и во рамки на истите тој тренер ќе си ја создава екипата.

Но, да го оставиме тој муабет на страна. И јас како и Косте сум одамна убеден дека Вујо ќе биде новиот тренер и генерално го поддржувам тој чекор.
Вујо никогаш не заостанувал во поглед на неговото тактичко знаење позади било кого, проблем му бил краткиот фитиљ и карактерот како што и сите знаемe. Некако како проаѓаат годиниве станува уште понервозен и мислам дека во многу ситуации со таа негова нервоза ја прави и целата екипа понервозна и само ја комплицира работата уште толку.

Но, ајде да видиме дали дефинитвно ќе се одвиваат работите во насоката за која што збориме. Овој Кос кој што се споменува го знам, но тука завршува причата. Настапуваше за Борац сезоната 2018/2019 кога уште беа СЕХА учесници и знам дека влезе на една/две утакмици кога веќе беше решен мечот.
Секако, кога спомнав тренер од Шпанија што не е ни е достапен, мислев на некој од оние селебрити тренери што ги наброја.
 
24ракомет пишуваше дека Вујо зимал 20,000 евра месечно во Железничар. Што најверојатно е научна фантастика. Но сепак, не е евтин овој човек, знае да си се испазари. Така што и јас неверувам дека доаѓа тука за ситна плата.

Многу на харизма фаќа луѓе. Ко што е кажано погоре, чим ти е он тренер, се знае какви играчи ќе доаѓаат. Стар е, и времето му е поминато. Луѓе копнеат по некои стари добри времиња кога се тепавме со Металург. Ама помина тоа, ние требаше да еволуираме и да одиме напред, не да правиме вакви чекори назад. Подобро дај му шанса на некој млад тактички поткован тренер, него на потрошен материјал ко Вујо. Реално го зезна Загреб, сезонава. Им отиде на Борац, колку да земе некоја плата додека си чека Вардар да се ослободи. Не сериозни потези се тоа. Се расправаше со судии и проблеми правеше во Копер, во Железничар исто.

Сега имаше текст дека во Борац имало состанок да го отпуштаат, дека не биле задоволни што биле елиминирани од купот од Извиѓач со два порази. Дека се мачеле да обезбедат финансии ко што се барало за сезоната а резултати нема.

Сега Борац сака да го брка зошто нема резултати, ние тука треба да се радуваме дека ќе доаѓа кај нас?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom