Фан клуб - РК Вардар

Од кога го утна Чупич пеналот бев сигурен дека ќе изгубат.. како ја свртеа ни сами не се свесни, секоја им чест. Кантегрел одбрани предобро во последни 15 минути и им даде крилја на сите.
 
Како е математиката сега? До кога треба да се доиграат одложените и кои ни следуваат нас службени ако не се изиграат?
 
Како е математиката сега? До кога треба да се доиграат одложените и кои ни следуваат нас службени ако не се изиграат?
4ти март е мислам последен датум. Со тоа што со ПСЖ во Скопје беше одложена дека ние имавме позитивни случаи и веројатно таа ќе ја изгубиме службено. А ќе ги добиеме одложените гостувања со ПСЖ и Фленсбург.
Ова е само моја претпоставка. Ќе видиме што ќе рече ЕХФ и дали ќе измисли некоја глупост ко Ф4 во декември.
 
Главниот проблем на тимот е моментално одбраната.

Нападот колку и да е хаотичен, проаѓа. Лично ич не сум фан на ваков run n gun стил на напад, кај што се многу работи испомешани, но факт е дека се ствараат зицери и изгледни прилики кои не се користат. Под изгледни прилики мислам на позиции од кои бекот има простор да се крене на шут и да спука од 8-9 метри, но за жал нашиве не се решаваат на тоа.

Јотиќ е моментално најдобриот и веројатно единствениот бек со ЛШ квалитет во тимот и неговото отсуство е затоа приметливо. Гаџа последниве две утакмици живна ама сеуште пропушта да шутне на многу изгледни позиции на кои квалитетен бек не би се двоумел да ги спука. Шевавлевиќ у второ покажа колку е полесно на целиот тим кога имаш бек шутер во игра, мислам дека полека ќе фати ритам и ќе се наметне како добра опција која ќе гарантира во просек по 3-4 гола на утакмица.

Одбраната е каша попара моментално. Многу лесно пробиваат, многу лесно решетаат од надвор, централните играчи во одбраната се мизерија у вториов дел на сезонава. Голманите исто, топло ладно, повеќе накај ладно. Лично би го играл Кантегрел со најголема минутажа затоа што мислам дека може најмногу да помогне. Кизиќ и кога има текма со многу одбрани, прима суперпацерски голови, не би се ослонил на него во ниту еден момент дека ќе ми ја добие утакмицата.

Но, она што го „краси“ Вардар сезонава, продолжува да е тука, а тоа е недисциплината. За тоа е Стевче крив, затоа што секогаш за недисциплината тренерот мора да сноси одговорност. Иако не е само негова, туку е и на менаџментот. И во шампионските години знаеме дека играчи превртуваа очи и на Раул и на Парондо, но тогаш овие имаа авторитет да ги пресечат. Стевче нема никаков авторитет моментално. Затоа мора да се пресече од „горе“. Треба Михо да има еден состанок на кој или ќе им се укаже на играчите дека Стевче е оној кој го има зборот или ќе му се врачи отказ и ќе се доведе нов тренер (ова се секако подобрата опција) кој ќе има таква моќ. Секоја ситуација како моменталнава која е некаде in the middle, не носи успех и напредок.
 
4ти март е мислам последен датум. Со тоа што со ПСЖ во Скопје беше одложена дека ние имавме позитивни случаи и веројатно таа ќе ја изгубиме службено. А ќе ги добиеме одложените гостувања со ПСЖ и Фленсбург.
Ова е само моја претпоставка. Ќе видиме што ќе рече ЕХФ и дали ќе измисли некоја глупост ко Ф4 во декември.
Значи со победа над брест влагаме во игра за 4/5 место. Со 4 место ќе играме веројатно прктив мотор, а со 5 против кил. Мотор и те како се минливи. Супер ќе биде да се стигне до 1/4 финале, не дека имаме шанси за ф4, туку да одржиме натпреварувачки ритам против квалитени екипи и да влеземе подготвени за финишот на сезоната против еурофарм на 15 мај.
 
@Saber Rider една утакмица го бранеше стефче и одма го пуштија на трибини o_O
Моравме во живо да се увериме во тренерските квалитети на Стево. Со гласчето негово ни до кај Бутин не се слуша. Грлово ни се фати од дерење за фаули да прават во одбрана. Среќа ги фативме на ура на крајот, добри одбрани на Кантегрел, два клучни гола на Гоце и еден негов клучен фаул кога го собра нивното крило во прегратка. Стевица цело време пробува да вика по некој во одбрана, ама како засипнат е. Треба микрофон да му дадат и да го приклучат на звучници.
Главна причина за пресврт, екипа кајгана :D
Црно белитрее денес ние ќе ги ебеемеее :D
Сериозно, да има по 30тина навивачи низ цела сала на утакмициве, ќе имавме многу повеќе бодови. И после ќе каже некој не правело промена кога ќе им свириш во напад и укаш :D Топка од раце им паѓа од 10 души, а не од 6000.
 
Браво за фото-финишот! Тоа што им избега на прошлиот меч, па и со ПИК, ете им се врати денес. Имаа доста среќа, ама ја заслужија. Формата им е во нагорна линија, треба одбраната да се оправи. Норвешките тимови во главно ни лежат - Елверум, Драмен, или на времето Сандефјорд кога губеше од Вардар. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom