Фан клуб - РК Вардар

На крајот не е проблем ЛШ за која годинава немаме никакви амбиции и среќниот влез во осминафинале е премија. Иако сигурен сум дека сите кинеме живци на секоја утакмица.

Прашањето е што ако Аљуш остане и не освоиме титула? Кој ќе одговара тогаш?
 
Ќе го менуваат Стевче. Веќе премногу негативна енергија се крена околу него, така што мислам дека немаат некој избор тука. Проблем е што мислам дека ќе го донесат Вујовиќ.
 
Pa ti ispagja deka udiras kontra, pred 2 dena ti vikase deka se nema kvalitet i se nema igraci na bekovi i uporno gledame deka ima a ne se ubavo iskoristeni i sega odbranata samo e kirva a toa sto ova mu e ne znam koja utakmica koja ja kocka vo posledni 5 minuti toa ne e bitno.

Kako Stole gazese prethodno a sega tuku taka nemal kondicija i utnal zicer sto ne koshtal?

Jas uste stojam deka ima igraci ( ne na kvalitetot 2014-19) ama imame trener koj ne znae kaj tera i ne e za trener vo momentov posto timov izgleda na 14 individualci a ne na tim.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Абе брат, не се разбираме :D
Јас не викам дека Алушевски е тренер за ЛШ. Кога го поставија за тренер, реков дека пропаѓаме. Кога го фалеа Битолчани, јас им тврдев дека не го бива и тие неколку победи што ги оствари со Пелистер (не со Еурофарм), беа доста сомнителни (можни местенки).
Ама, ние годинава ја почнавме не од нула, туку од минус милион. Едвај скрпивме тим и многу поважно, се паднавме во убер тешка група (нема ниеден лесен противник), немаме публика на наша страна, НЕ ИГРАМЕ ДОМАШНА ЛИГА каде што би се темпирала формата и го имаме навлечено гневот на сите и им претставува императив да не прегазат.
И во таква ситуација ние имаме добри резултати и јас не можам да кажам дека сум разочаран од играта, напротив мислам дека играме над очекувањата.

Проблемот е што константно се труби смена на Алушевски, како божем тоа да ќе ја смени ситуацијата. Факт е дека он не е тренер за на долг период, но факт е дека и во моментов солидно ја води екипата.
Е сега, може да расправаме колку он ја кова тактиката, затоа што мене ми личи дека Чупиќ ги влече конците, може да се согласиме дека над дел од играчите нема авторитет, но тука повеќе вината е повеќе кај нив, отколку кај него. Сме биле сведоци како Чупиќ му враќаше на некои тајм аути, а исто и Столе и нормално е дека нема он да влегува во конфликт со нив.
Но, ИГРАТА Е ДОБРА, константно имаме чисти позиции за гол и тоа што нашиве потфрлаат на крајот не е до треенерот, туку е до стравот од победа, немањето квалитет и искуство во такви моменти, а за жал и истрошеноста поради немањето доволно играчи за ротација.

Ние немаме десни бекови сезонава, не ме интересира што Чупиќ дава 6 гола од десен бек. Десен бек некогаш треба да разбие од далеку, да игра и одбрана како висок класичен одбранбен и тоа што покриваме со десно крило може само да се каже секоја чест за Чупко. Тоа не остава на немање замена на десно крило, на кое ако не му е денот, нема кој да го замени.
Денес игравме без Јотиќ, што не се забележи дека Гаџа беше разигран.
Имаме ние еден куп леви бекови, општо имаме играчи чија позиција е бековска, ама проблемот е што немаат доволен квалитет и пред се', тоа што го потенцирам е НЕМАЊЕТО ДЛАБОЧИНА ВО СОСТАВОТ.
Не може едни играчи да играат 60 минути, затоа и се случуваат овие падови на крајот од дуелите. А што може да се направи кога се нема замени? Гледаш влегува Талевски за ротација, не знае ни да се открие, ни да шутне, се забива само во противничка одбрана, шета по противнички шестерец.
И во сите натпревари кога ќе смениме да ги одмориме првотимците или некој играч кој блескал во прв дел, се случува потоп од кој нема назад.
НИЕ НЕМАМЕ БЕКОВИ КОИ ЌЕ ПОКАЖАТ КОНСТАНТНОСТ НА СИТЕ МЕЧЕВИ. Денес најдобар е Гаџа, утре ќе биде Јотиќ, задуте Дисингер, после Шеваљ, ама нема константност од нив.
Си забележал дека секое коло викаме зошто овој голман не брани цело време?
Затоа што кога Борко има 20 интервенции, на следната има 0, ако Кантегрел одбрани 17 минатата, денењс имаше 3 одбрани за 20 минути, Кизиќ денес искина, ама претходно беше проѕирен и на крај прими смешен гол.
Тоа е нашиот состав, го прилагодуваш на противникот, на некого ќе му тргне денес, утре ќе биде дрво. Со такви играчи, толку се резултатите.
Мене ме радува што правиме добри акции, ама фортуната не е на наша страна во клучни моменти. Со Порто, Борко прими гол низ раце, таков гол јас нема да примам. Денес Кизиќ прими од невозможна позиција, Столе како најискусен утнува два зицери и два пати му паѓа топката од рака. Па, како може тренерот да е виновен?

Беспотребно се прави притисок од навивачите, затоа што уште живееме со старите амбиции и тоа се рефлектира на подобрите играчи и на крајот атмосферата е лоша. Мене баш ми личи дека се поддржуваат играчиве, тоа што ни се осеќаме лошо од поразите не ја отсликува атмосферата во тимот. На крајот, секако дека не може да биде славеничка, кога постојано губиме за малку. И нека се темпира формата, одиме во нагорна линија, конечно имаме серија натпревари по ред и мора да сме подготвени за првенството.

Ама, првенствено тоа што треба да се промени е:
1. Помирување со фактот дека веќе немаме високи амбиции. Губиме тесно со Порто на гости, Пик сегед дома-гости и Елверум нерешено, ФБ преплавен со идиотски коментари, мислиш ние сме на нивото пред 2 години, а тимовиве се рандом СЕХА тимови. Да не зборуваме каква е ситуацијата во позадина во клубот, колку е зацапан во долгови. Да немаа публика зад себе минатите генерации, ќе се прашаме дали ќе играа онака дрско за да стигнат до титула (на страна што имаа дааааалеку подобар квалитет).
2. Да се купи по еден добар ракометар на десна бековска позиција и креатор во играта.
3. По можност да се ослободиме од сите вишок играчи, кои ни за во ротација во македонско првенство нема да помогнат.
4. Да се смени тренерот, ако се планира да имаме повисоки амбиции за во иднина и да се гради тим со играчи кои ќе ги побара новиот тренер, а не отпадоци и миленици на Михо.
Автоматски споено мислење:

На крај на сезона ќе се смени тренерот,најлесно е отказ да му се даде,само заборавете дека сега ние ќе бираме кој тренер да дојде,не сме веќе во времето на Самсоненко па да сакаат сите да го водат Вардар.
Максимум ќе биде некој тренер од Балканот кој можеби ќе биде и полош и од Стевче или евентуало некој анонимен Шпанец.
Тоа е тоа, нема што да се додаде.
Пошто некои изгледа мислат дека пред сезона сме можеле Врањеш да го донесеме или Раул или Парондо.
 
Не знам кои утакмици ги гледаш, ама скоро во секој напад правиме чисти ВОИГРАНИ ситуации за гол. Тоа што главните играчи промашуваат зицери и си прават исклучувања, не е вина на Алушот.
Одбраната е мртва, нема одбранбени тоа е тоа.
Помртва е и од Милан :D
Промашени зицери и исклучувања се дел од играта, го прават тоа и нашите противници исто колку и ние, ама да го оставиш Столе во одбрана на последниот напад на Елверум е врвна глупост и во такви моменти и клучни одлуки се губи Стевче. Преочекувано беше да се иде на шут преку него во последниот напад, имавме тројца двометраши и човек што не може воопшто да направи блок. Се согласувам дека понекогаш претерано се плука, сезонава на пример најнеоправдано напаѓан е Борко, кој сосема коректно си ја одработува задачата, два пати мислам дека беше и голман на колото во ЛШ, али Алушевски напаѓан/ненапаѓан не му е местото на клупа кај нас без никаков сомнеж.
 
али Алушевски напаѓан/ненапаѓан не му е местото на клупа кај нас без никаков сомнеж.
Абе не му е, ама не може он да прави чуда. Види денес, сите тројца леви бекови ги играше, сите тројца камења. Многу е нефер да се истакнува он како единствен виновник за резултатите. Апсолутно има некои лоши одлуки, ама тоа е така гледано преку ТВ. Не знаеме зошто некој би оставен во игра, некој на клупа, сигурно има причини за сите одлуки со кои не сме запознаени. Лесно е да се коментира вака. Ама денес, Столе, Валчак, Дибиров сите утнаа зицери кога се кршеше резултатот. Со Порто, Гаџа не фаулираше во последениот напад. Минатата со Сегед, Чупиќ промаши пенал кога беше ептен битно. Спорт е тоа, не може Стевче да лета и да игра наместо играчите. Нема ротација, тој е квалитетот. Оваа сезона отиде, дај да освоиме домашно и да видиме за другата што ќе правиме.
 
Добро, еве едно прашање до сите. Без разлика на се, ростерот е тој нема дискусија. И покрај се, вие би сакале натпреварите за титула да ги играме со Стево на клупа или со друг тренер?
 
Добро, еве едно прашање до сите. Без разлика на се, ростерот е тој нема дискусија. И покрај се, вие би сакале натпреварите за титула да ги играме со Стево на клупа или со друг тренер?
Се сложувам, тоа е клучното прашање.
 
Ја негледам логика да се менува он сега. Лани сменивме три тренери, резултатите пак беа тие. Мислам, се направи глупост кога Писонеро имаше скор 3-1 го сменија, и после работите на полошо и полошо одеа. Нека тера до крај на сезонава.
 
Добро, еве едно прашање до сите. Без разлика на се, ростерот е тој нема дискусија. И покрај се, вие би сакале натпреварите за титула да ги играме со Стево на клупа или со друг тренер?
Зависи кој е тој друг тренер. Ако менуваме ради реда, подобро да остане он.
Ако носи квалитетно име за на подолг рок да креира тим, тогаш во ред.
 
Ajde dosta filozofija, za ovoj tim, so ovoj budzet najdobro resenie e Vujo. Pari nema za poskap a od onie sto mozeme da si gi dozvolime vujo e 3 klasi podobar plus moze da privlece igraci.
 
Ajde dosta filozofija, za ovoj tim, so ovoj budzet najdobro resenie e Vujo. Pari nema za poskap a od onie sto mozeme da si gi dozvolime vujo e 3 klasi podobar plus moze da privlece igraci.

Па затоа највеќе го поставив прашањето, пошо некако имам впечаток дека повеќето го сакаат Стево на клупа во клучните натпревари за титула.
 
Ја негледам логика да се менува он сега. Лани сменивме три тренери, резултатите пак беа тие. Мислам, се направи глупост кога Писонеро имаше скор 3-1 го сменија, и после работите на полошо и полошо одеа. Нека тера до крај на сезонава.
Да го имавме Писонеро денес...
 
Не знам дали има други, ама јас сум еден од оние кои не го сакаат Вујо за тренер во оваа сезона. Можеби за понатаму, во зависност од развојот на настаните во клубот.
Тоа не значи дека го сакам Алушот пред Вујо, туку едноставно Вујо не е решението во оваа сезона, каде што секако има наелектризираност меѓу постарите и новите играчи во составот, воглавно поради однесувањето на поединци како резултат на немоќта да дојдеме до поволни резултати. Вујо е тренер за во ситуација кога ние сме аутсајдери, во ваква ситуација кога во лигата сме фаворити, он е меч со две острици. Може да направи хаос, да побрка пола тим, да лапне повеќегодишна суспензија, што не ни е потребно во ситуацијава кога од шампиони тонеме надолу и луѓето не се навикнати да губат што дополнително го прави притисокот поголем.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom