Фан клуб - РК Вардар

Meskov likes this...

Parondo mirisa ZLATO so Egipet. Posle toa ke bide druga prikazna. Proguglaj atmosfera rakomet vo egipet. Ke bide interesno prvenstvo kade ocekuvam Egipet da gazi pogotovo so asalen trener.
Јасно,напалени се Египјаниве.
Египет мириса злато со Парпндо,а ако го освои.
Ќе биде на ниво Мо Салах у Египет!
 
@chef_cook
Прво во однос на тоа дека ќе си замине ако проигра. Ситуацијата во неговиот случај е многу незгодна, што дури и да одигра добра сезона, нема да има заинтересирани, посебно не во германија после епскиот фејл што го имаше. Од таа страна сум скоро убеден дека тоа нема да се случи.

За идењето бесплатно, играч на 24 годишна возраст на кој кариерата му е во пад и не се знае уште колку ќе заработи до нејзиниот крај нормално не му е во полза да иде да игра бесплатно некаде, и нормално е да се ценка за секоја иљадарка, егзистенцијата е во прашање. Бар тоа е мојата гледна точка.

Во поглед на актуелната дискусија Вујо-Стевче, ќе застанам на страната на Алушевски. Вардар бил клуб кој што отсекогаш се однесувал господски према своите легенди и со самото тоа си го штител угледот и дигнитетот на клубот, а Вујо беше испочитуван неколку пати, ова ќе му дојде премногу. Да беше некој странец или така некој анонимус или тип што не бил поврзан со Вардар цел свој живот, немаше да имам против, ама вака е малце заебано.

Од аспект на Вујо, ако почне сега да се нуди, ќе биде многу педерски од негова страна, посебно во оваа ситуација во светот и во Вардар, бидејќи тој со неговото си-ви може секогаш да најде некоја работа,Аљушот тешко.

@Velgor

Македонските таленти во најмала рака треба да ја имаат улогата на Јања Војводиќ во секоја екипа на Вардар, ако сакаме успех.
 
Последниве 2-3 страници од темава се доказ која легенда е Вујо и дека секогаш за нас ќе биде токму тоа. Што и да направи, каде и да направи се коментира, се поврзува со Вардар кога некој негов потег има и најмала допирна точка со клубот. Затоа и заминувањево од Загреб баш сега кога Вардар фаќа стабилен пат напред со Михајло мора да се гледа и во тој контекст. Но дали тоа би било вистинското решение за нас? Вујо vs Стевче е тема за есеи и фермани, ама после неколку години на континуитет со планетарни успеси со друг тип на тренери, изграден пристап кон играта, тактика, создадена и надградувана хемија во тимот... мислам дека Вујо би бил решение кое ќе не однесе во друг правец, повеќе ризичен и непредвидлив. Едноставно човекот има друга филозифија и друг пристап на работите во однос на се она што го имаме последниве години. Се разбира дека тоа ни најмалку не го прави Стевче да е најдоброто решение за континуитет на успесите, ама убаво беше спомнато погоре во коментарите, Вардар има големина и реноме и тоа не треба да се наруши со враќање на еден заслужен на сметка на друг заслужен човек за клубот. Кога веќе добил доверба на сред сезона во најтешкиот период, заслужува шанса и во стабилни услови да продолжи да ја води екипата. Нека се потруди да ја искористи.
 
Филип Талевски официјално потпиша една година со Вардар .
Иначе и Вујович денес си заминал од тренерското место во Загреб .
 
Последно уредено:
Филип Талевски официјално потпиша една година со Вардар .
Автоматски споено мислење:

Не е лошо ова. Со оглед на можностите, добар играч е за во ротација. Сега ќе имаме три леви бека кои може да играат во два правци.
 
Ајде сега и Фитиљ да се земе, па Морковот и за крај кралот Лазаров.
 
Автоматски споено мислење:

Не е лошо ова. Со оглед на можностите, добар играч е за во ротација. Сега ќе имаме три леви бека кои може да играат во два правци.


Koja e poentava na ovoj transfer? 1 godina lol...
 
 
Како бре уште еден среден и десен бек?
Па ниту еден немаме во моментов, Јагуриновски и Карапалевски да не ги рачуна?

Од Зарабец, Доленец, Португалецот, Кара и Абутовиќ како шпекулации, паднавме на Тале...
 
Незнам сеа по ново во каков формат ќе се игра ЛШ ама секако успех би било доколку се пласираме во 8мина финале.Добро е шо можеби конечно ќе добијат шанса млади наши играчи како Карапалевски, Јагуриновски, Анастасовски,Мишевски
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom