Калараш се согласил на помала плата за да остане во Вардар
Можеби не беше премногу активен со доведување на нови ракометари, но европскиот првак Вардар ја продолжува својата основна цел - да ја задржи групата од клучни ракометари кои уште се под договор или во преговори со новиот клупски претседател Михајло Михајловски.


