Фан клуб - РК Вардар

Никогаш не сме победиле со Киелце во гости, и со далеку поголем ростер.
Вечер без Криштопанс, и со повредени Атман и Диско, се освен пораз премија ќе биде...
 
Не гледам на кој начин би можеле да изненадиме денес. Нема више изненадувања, ја прокужија нашата игра уште во второ полувреме во Скопје. Со крила на бекови толку е, ја само се надевам да не биде некоја катастрофа. Се надевам дека ќе извадиме некои нови изненадувања на утакммицава, ама со овој ростер тешко е да се извади нешто. За голманиве дека мора да бидат на ниво тоа веќе се знае, веќе досадни станавме. Секоја шанса што ќе ни се укаже мора да ја користиме максимално (вишак играчи, добри минути на голмани, казнување на грешки) и да бидеме блиску со резултат до пред самиот крај. Ако е така ондак се може да се деси. Ако не, ќе не отворат максимално.
 
Видете ја разликата.. Кизиќ влага задњи пет минути у прво и има повеќе оддбрани од Гедбан кој брани скоро цело. Не е лоша играва, мислев дека ќе бидеме у многу полоша сутација. Првово полувреме ги покажа на дело слабостите на Атман и Скубе во однос на организација на игра ( топки до крила, пикер итн). Да издржиме до -2, 3 на 10 минути пред крај може и да се надеваме да останеме непоразени, што секако би било премија.
 
Ајде нека го остави Кизиќ да врзе некоја одбрана и се е можно ни Киелце не блеска.Проблемот е во напад и со 7 на 6 не доаѓаме до чисти позиции и голови како што рече членот погоре нема асистенции од организаторите но немаме ни голови од бековите.Скубе сепак се вади со головите и пробивите а Атман е Ш класа не е за Вардар човекот одамна му поминаа златните години.
 
Лоши се нашиве централни на тој последен пас до пикер, им фали инвентивност, ги читаат. Многу топки такви продадовме и во Скопје. Атман е тотално вон елемент. Дисингер исто. Овие двајца очигледно се за екипа од понизок ранк.

Јас оваа ја отпишав уште од пред недела. Криво ми е што во Скопје не ги добивме. Нека брани Кизиќ до крај, нема спас за овие двајцава.

Разбирам дека се немаат опции, но никогаш не сум бил љубител на оваа 7 на 6 игра, па така и денес не ми прави мерак.
 
Не зафркавајте за Скубе, алфа и омега е во тимов, влезови, голови, асистенции. Нормално сега и ќе згреши некоја, кој не греши, но е најдобар играч на мечов, а и неколку наназад. Камо Дисингер и Атман да изиграат барем пола од неговото.

Кизиќ треба да остане до крај на гол, па што биде-биде.
 
Волф мајката ни ја еба :(

Настрана голманската ситуација, од Дисингер и Атман ама буквално ништо не гледаме. Начисто се пропаднати, подобро Дибиров и Чупиќ да бидат бекови отколку двајцава.
 
Кога играчи како Бранко Вујовиќ, Дујшебаев најмалиот и Пеливан даваат голови и покажуваат солидна игра во одбрана, се е јасно.
 
Последно уредено:
Пред да почнат "крај на светот постови" да пишам само дека не е потребно драматизирање, солуцијата е едноставна, голман и лев бек. Секако и со здрави Криштопанс и Толедо, екипава ќе е конкурентна со секого и за секој трофеј.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom