Ако гледаме објективно, сите топ тимови од ЛШ си ја имаат решено голманската позиција за следната сезона:
Веспрем - Цупара/Зекели/Штербик
Сегед - Миклер/Алиловиќ
Келце - Волф/Корнецки
Барса - Де Варгас/Мелер
ПСЖ - Жерар/Коралес
Нант - Димулан/Нилсен
Монпеље - Портнер/Шего
РНЛ - Апелгрен/Паличка
Фленсбург - Буриќ/Бергеруд
Кил - Ландин/Квентштет
Тие се оние навистина топ тимови во Европа + Вардар (но, ситуацијата тука сите знаеме каква е). Бундеслигата е едно навистина сериозно натпреварување каде секој може да победи секого, тимовите се одлично организирани (а, Берлин е еден од оние кои се најорганизирани во во тоа друштво),се игра пред полни сали публика и тимовите се исклучително финансиски стабилни. Плус, не го занемарувајте фактот дека тренер е Велимир Петковиќ кој е роден во Босна и е исклучително ценет во ракометните кругови. Марсениќ од почетокот на сезоната е прв избор во Берлин пред Кох и Шмид и игра во одлична форма моментално. Добива најголема минутажа од триото и во одбрана и во напад.
Голема штета за Вардар. Дури и да се среди ситуацијата, квалитетни голмани се навистина тешки за наоѓање и не гледам некој таков да е слободен од следнава сезона.