Фан клуб - РК Вардар

Сеа место Пелистер, ќе испадне дека Вардар ќе праи фузија со Циле :cool:
 
http://www.g-sport.mk/vest-statija/...D1E_002jl4_dV3rAKogXhrFl2kNKjBLHHegToo_3doqNs

Хммм као и да не сака воопшто да размислува за останување. Тотално различен одговор од Чупиќ.
Го прочитав целото интервју. Овој Дибиров многу ладен. Баш како што викаш, делува ко да нема никаква намера да остане тука, па и како што побрзо да сака да се заврши се ова.

24 Ракомет најавува Скубе може да оди во Киелце. Што не ми е баш јасно, зошто прочитав интервју со сопственикот на Киелце, тие уште не се финансиски стабилни, уште преговараат со некои спонзори и не се знаеш што е што. Следната сезона треба да дојдат некои високо профилни играчи со големи плати, потпишуваат јака играчи, а не се знае што е што.
 
Последно уредено:
Го прочитав целото интервју. Овој Дибиров многу ладен. Баш како што викаш, делува ко да нема никаква намера да остане тука, па и како што побрзо да сака да се заврши се ова.
Дибиров е баш од онаа група на професионалци кои ги споменав. Само него не можеш да го видиш да глави во кафичиве скопски. Фамилијарен човек :D
Како што кажа Дибиров, а спомнав и претходно, од клубот им е ветен раскин на договорот на крај од сезона, а повеќето и самите си побарале. Ако е за утеха, РФМ ја одложило расправата за раскинување на договорите. Веројатно Михо се обидува да добие на време.
Сепак, мислам дека дури и да се среди ситуацијата, Русиве би си заминале. Многу поверојатно е да се очекува дека би останале Столе, Чупиќ, Војводиќ, Поповски, Бутинот и можеби Гедбане.
 
Najdobri se RK Vardar nema shto :):oeoeoe:
 
Секоја чест за постот @Colt Willcox !:cuc:

Јас покрај тоа што се надевам дека ќе успееме да задржиме неколку од моменталните играчи, уште поголема желба ми е да го гледам Парондо и понатаму на чело на тимот. Реално, најголем дел од товарот веројатно падна на него како наследник на Раул и според мене се снајде и повеќе од добро во улогата. Би одел до таму што би рекол дека дури и повеќе ми се допаѓа како ја води екипата од Раул. Криштопанс добри огромна улога и одврзани раце и комлетно ја оправда дадената улога, има многу поголема доверба во Столе за разлика од Раул и успеа со искасапена екипа да стигне до Ф4. Исто така би додал и дека не ја разбирав баш потребата на Раул од тоа да во мечеви против тимови како Војводина, Извиѓач и ним слични по квалитет, кои продефилираа низ годиниве во СЕХА да се излага секогаш со Кањељас, Алекс, Циндриќ итн. Парондо им даде шанса и на Кизиќ, Кукуловски, Петковски, Атанасовски, Димов и др. Да не ги додавам финансиските проблеми и генералната неизвесност која висеше над клубот сезонава. Не знам баш колку е ова реално, па оставам на времето.

Во истиов муабет би го ставил и Периќ, но мислам дека поради неговата блискост со Самсоненко и Кокшаров, како и неговата функција во репрезентацијата на Русија е многу поневеројатно.
 
@Colt Wilcox Ф4 во Рустикана, кој нема каде да гледа бујрум на превртување маси :icon_lol:
 
Шпанскиот систем на водење на екипата е перфектен, како и очигледното влијание на легендата Периќ врз Милосављев. Би било одлично доколку успеат да се задржат Парондо и Периќ.
 
Немам прашано ама Парондо како што гледам има завршено некое средно за IT. Ќе го вработам јас кај мене, Вардар нека му е хонорар :icon_lol:
 
Што направивме човече?
Скопје стана синоним за ракомет. Вардар без ѕвездена екипа ја покори Европа, трет пат по ред влегуваме во Ф4 и тоа третиов пат во скоро банкротирана ситуација.
Невидено, филм треба да се сними за овие дечки. И дефинитивно има вистина во зборовите од искуствата на некои ракометари. Едно е да играш во клубови во странство, каде што ракометот го сфаќаш само како професионална работа. Тоа ти е работа, нема толкава емоција кога освојуваш титули, кога споделуваш со фановите. Овде играчите се соживуваат со публиката, играат за публиката, играат од срце, даваат 200% од своите можности. Имав прилика да гледам 2 фајнл фора во женски ракомет. Сите се воодушевуваа на унгарската публика, ама пак нема споредба со нашево. Заврши финалето, си прославија титула и тоа е тоа. Овде ќе се слави една недела, цела ноќ нема да спие цел град, само за тоа ќе се зборува. Салата ќе се преврти на домашен терен да освоиме нешто. Они само стојат и аплаудираат. Едноставно ја немаат таа Балканска врела крв.

Све што треба да се знае за овој Вардар, напишано во неколку реченици. И знаеш дека нема ни тронка преувеличување и дека све кажано е вистина, кога ги слушаш коментаторите на Арена со зарипнат глас и ги читаш колумните на balkan-handball, пред плачење за овој Вардар и судбината која може да го снајде.

Не сум стар, имам само 23 години, пратам спорт од мислам дека мои 3 години, претежно фудбал, и скоро и да не памтам било која екипа, во било кој спорт, да го има карактерот на овој Вардар, целата таа хемија помеѓу играчи, тренери, публика. Факинг Дисингер, ГЕРМАНЕЦ, дојде на сред сезона, со веќе 2 сериозни повреди за него, си ја ризикува кариерата за да изигра на финал 4, се е јасно - се е кажано. :cuc:
 
Претседателов на Киелце вика дека му понудиле на Скубе договор на 3 години, ама он сакал на една. Шпекулираат дека се договорил со некој клуб од 2020, па затоа сака на една година договор.

Циндриќ ќе оди најверојатно во Барселона од следната сезона. Им соопштил на Киелце дека не му се игра повеќе за овој тим.Овие му рекле чим неќе да седи таму, ако плати Барса, ќе го пуштат.

Мене ми е многу интересно ова со Киелце. Претседателов кажува дека уште не е добра финансиската ситуација, дека се преговара со два спонзори, ама уште не е ништо договорено. А другата сезона ги чекаат големи трансфери и уште играчи потпишуваат со нив. Пред 7-8 месеци имаше инфо дека 5 месеци не зеле плата, градот ги одби, се делуваше толку црно. Уште не се стабилизирани, а играчи уште потпишуваат со нив.
 
Последно уредено:
Мораше со Борозан тоа да го исконтролираат на нормален начин, со него во тимот и плус Дисингер, финале ќе беше реално, вака ќе биде чудо над чудата, али ајде јебеш му матер.
 
Мораше со Борозан тоа да го исконтролираат на нормален начин, со него во тимот и плус Дисингер, финале ќе беше реално, вака ќе биде чудо над чудата, али ајде јебеш му матер.
Nema rezerven desen bek, ako ne mu odi na Dzinot
 
Мораше со Борозан тоа да го исконтролираат на нормален начин, со него во тимот и плус Дисингер, финале ќе беше реално, вака ќе биде чудо над чудата, али ајде јебеш му матер.
Ама како можеш да исконторлираш ситуација ако некој не земал плата 8 месеци?

Колку што прочитав некаде, Борозан уште во јануари си отишол од Вардар бил на медицински прегледи во Барселона, ги падал, па се вратил тука. Што ти кажува дека тој од претходно си решил дека ќе си оди.

Кој знае што точно се дешавало. Иако он малку играше за Вардар сезонава, тие првите неколку натпревари што ги одигра на почетокот, стварно добро ги изигра. Штета, стварно ќе имавме два експлозивни шутери на двете страни.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom