Фан клуб - РК Вардар

У пакет со Лангаро. Кад је бал, нек је самба ..
giphy.gif
 
Најверојатно Мораеш во Веспрем на крај на сезона.
Не дека е којзнае каков пикер,плус често се повредува ама сепак ќе биде удар за Вардар.
Кратко време имаат за да договорат некој од светска класа.
Трансфер политиката си е добра за донесување на играчи,само проблем е што неможат после да се задржат.
Ако има иднина стварно во клубот и Сергеј планира да вложува треба играчите да се врзат со поголеми договори,во сите посериозни клубови Барса,ПСЖ,Веспрем итн играчите имаат по 4-5 години договор,овде кај нас од сезона за сезона се мисли се по една година договор.
Ама тоа е играчите штом им се отвори некоја шанса си ја користат.
 
За пикер ја би идел со малион Шипиќ. Искина момакот, ќе биде ѕверка. Ja си го викам мали Мамиќ, фацу му јебем:pos:
 
Иако мислам дека Мораеш е може најдобриот пикер што го имаме, чисто зошто игра и напред и назад, солидно. Послаб офанзивен играч е од Стоилов, ама на овој па не му иде сезонава. Сепак, мислам дека може да се најде соодветна замена за Фереира. Ама пак, штета, зошто е млад.

Прашање е што ќе биде со Калараш? Него му истекува договорот во Јуни, на една година потпиша. Некако мислам дека него со сила го донесоа, затоа и му дадоа толку краток договор, да пополни дупка во тимот додека помине оваа сезона. Некако многу лесно и Магдебург се откажа од него. Со оглед дека прави глупости не би ме изненадило да го откачат. Има некои шпекулации дека 31 годишен катарски пикер ќе дојде од Шарт, Франција. Јусеф Бен Али. Ама овој може да е замена за Калараш, а не за Мораеш како шпекулираат.

И на Гедбан му завршува договорот на лето. Тој потпиша 1+1, ќе видиме дали него ќе му го продолжат. Некој голман ќе мора да лета, најверојатно Ѓорѓески. Ама ако се носи нов голман, не би ме изненадило и овој да го шутнат.

Вообичаено Вардар во претходни години овој период, февруари, најавува засилувања за следната сезона. Ќе видиме дали ќе има нешто.
 
Супер ако го донесат овој Бенали,го гледав на светското против Русија и Шведска кога играше по 7-8 гола даде.
Доста подвижен,во два правци игра,знае да истрча и контра.(y)
 
Знае ли некој до кога им се договорите на:Милосављев,Скубе,Чупич,Карачич?
 
Дисинџер се повреди, ваљда не е нешто сериозно зошто буквално без леви бекови ќе останеме за со РНЛ...
 
Последно уредено:
Иначе знае некој кога треба да се врати Борозан?
Кога отиде на операција викаа за два месеца,ако е така треба да се врати веќе.
 
Иначе знае некој кога треба да се врати Борозан?
Кога отиде на операција викаа за два месеца,ако е така треба да се врати веќе.
И он и Мораеш и Горбок тренираат. Колку се во форма и колку можат да трчаат во натпревар е друго прашање. За Мораеш и Борозан рекоа 2 месеци ќе паузираат. Мораеш прв се оперираше, недела, недела ипол пред Борозан. Пишуваше дека за 6 недели ќе можат да почнат да тренираат, а се оперираа средина на Ноември. Ќе видиме другата недела дали Мораеш ќе добие некоја минутажа против РНЛ.

Тука зависи и на што терапии се, ако имаат некоја "помош" ќе ги опорават.[DOUBLEPOST=1549032502][/DOUBLEPOST]Инаку:

https://sport1.mk/rakomet/ehf/oficijalno-rozherio-moraesh-potpisha-za-vesprem
 
Последно уредено:
Останавме со Столе на пикер. Калараш не го рачунам. Мора да се реагира да се најде нешто квалитетно на линија за следната сезона.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom