Фан клуб - РК Вардар

Лееее незнам кого прв да го рокнам в'недела гремлини смрдени уфффф колку грд сој се племе им е. ем
 
Ако некој евентуално има вишок карта или случајно не може да отиде па сака да ја продаде, нека ми пише ПП.

Реално чекав да видам Вардар што ќе направи таму па да размислам дали ќе ја гледам тука.

океј не се палете, не успеав да купам карта деновиве, ми се иде ептен и ќе ви бидам ептен благодарен.
 
Жално е што за вакви натпревари половина карти се даваат на локални фирми спонзори, и истите врска немаат со Вардар па најчесто идат пошто е ин или ги препродаваат на кој стигнат. И уште полошо за спонзори се одвоени најубавите места.
 
Штотуку добив информација дека картите што се за стоење ги откупил некој СИТЕ и ги препродавал.
 
Епа другар соберете се неколку, договорете го за 3 карти по повисока цена, и расплачете му го мајчето.
 
Овој текст е наменет за вас. Вие кои никогаш нема да разберете што значи Вардар. Вие кои никогаш не сте го дишеле Вардар. Вие кои никогаш не сте се молеле на иконата со црвено-црна боја. Вие кои никогаш не дознавте дека Вардар беше единствениот клуб од „големите” во Југославија кој никогаш на своето лого немаше петокрака. Вие кои поверувавте на лажните пророци дека некој друг клуб е „македонскиот бренд.” Вардар не е бренд, Вардар е светост. Тоа е тој Вардар кој го сака еден Аце што работи на брод кој плови некаде по светот во моментов. Тоа е Вардар кој го сакаат и во Америка, во Австралија, во Азија, а верувајте ми и во Африка. На сите тие континенти има барем по еден Македонец кој го познавам и го сака Вардар. И секој од нив би платил тон пари за да биде во Скопје во недела, но не може.
Вие не му требате на Вардар. Сите вие кои навивате за секој македонски клуб, кои навивате за двата скопски клуба, вие на кои ви е „сеедно кој ќе оди во Келн, само нека биде македонски клуб.” Вие кои до вчера се крстевте во „македонскиот бренд” и „месијата” од пријателска Хрватска. Не му требате на Вардар вие кои се чувствувате „повикани” да ги нарекувате Комитите „банда хулиганска,” вие кои не можете да сфатите дека една фрлена паричка никогаш не може да се мери со милиони капки пот, крв и солзи. Не му требате вие кои навивате за полицијата кога тепа наши деца, бидејќи вие никогаш не почувствувавте што значи страст и љубов кон еден клуб. Бидејќи ударот врз тоа дете е удар врз Македонија. Нема потреба да доаѓате во сала. Нема потреба да се чекирате дека сте таму за да собирате лајкови. Девојките и момците ќе ве сакаат и без тоа. Нема никаква потреба да правите селфи со играчите во позадина. Правете го тоа на плажа, во парк, на Водно, ставајте фотки од празни флаши, полни чаши и нови патики. Подарете ги картите на некој кој вистински го сака Вардар. Останете дома, гледајте на телевизија, па во моментите кога ќе губиме и ќе ви дојде она „ете, македонска работа, глупи се, знаев дека ќе изгубат” сменете го каналот. Или гледајте добар филм, слушајте музика, излезете на кафе и прошетајте го градот. Водете љубов. Резултатот ќе го дознаете секако.

Во недела на Вардар му требаат само оние кои живеат за него. Оние кои без двоумење даваат дел од својот скромен буџет за една карта, за една тетоважа со тоа гордо „В,” за еден шал кој честопати е натопен со крв. Е тие му требаат на Вардар. На Вардар му требаат оние кои го гледаа и со Борац, Нексе, Тинекс Пролет и со Јафа промет. На Вардар му требаат оние кои имаа пелин во устата кога не грбачеа вештачките од предградието и зелените од Битола. Му требаат сите оние кои излегуваа од такт кога оние кои не можеа да ни ги купат со пари ни ги купуваа со многу пари. Кои не им ни требаа, но ги земаа за да го ослабат Вардар. На Вардар му требаат оние кои чекаа со часови пред Расадник за да ги гледаат големиот Пепи Манасков, Данило Брестовац и Аце Станковски. Да, некогаш Вардар играше и таму. Тогаш имавме мала, студена сала и големи, топли срца. Сега имаме голема, топла сала, но оние со големите срца се се помалку.

Јас не ве мразам вас бидејќи не можам да мразам Македонци. Само ви покажувам како ќе изгледа нашиот свет во недела . Ви кажувам дека навивањето за два клуба е лицемерие.

Но можам да ги мразам Кил зошто не знаат дека цената на седумте искинати свети дреса ќе биде седум литра крв.

Видов и ликови кои ги продаваат картите за натпреварот. За нив картите се можност за десеткратна заработувачка. За нив Вардар е пари, за нас е живот.

Немојте да доаѓате, барем една вечер оставете го Вардар на вистинските вардарци, на оние на кои честопати Вардар им е причината за постоењето. Оставете не сами за да си се сакаме искрено, онака детски. Заради тоа што успехот ќе биде на сите, а неуспехот само наш. Заради тоа што ако успееме сите ќе славиме, а ако изгубиме ние ќе гледаме во една точка и ќе се прашуваме каде згрешивме, а вие ќе си продолжите низ животот како ништо да не се случило. Затоа што нас поразите вистински не болат.

И бидејќи секогаш сме толку многумина во победите, а толку малкумина во поразите.

ЕДЕН ЖИВОТ, ЕДНА ЉУБОВ. НАПРЕД ВАРДАР!

Добар текст , се надевам ке дојдат тие што треба во недела , барем 60/70 % од тие што идеа во Борис и Кале !
 
Преку куров од вас бе ватрени навивачи. Секаде во светот постојат фанатици, и постојат останати луѓе кои имаат симпатии кон клубот и сакаат да гледаат утакмици, иако тоа не им е најбитната ствар секогаш. Кое ви е тоа размислување дека или дишеш за Вардар, или нема шо да бараш на утакмица? Па не го измисливте вие навивањето па да се праите толку паметни.
 
Ако е точно тоа дека еден лик ги откупил сите карти и после ќе ги препродава, тогаш не ме сфаќајте погрешно ама како Македонци, не заслужуваме европски Вардар кога сме ваков стока народ.
 
Преку куров од вас бе ватрени навивачи. Секаде во светот постојат фанатици, и постојат останати луѓе кои имаат симпатии кон клубот и сакаат да гледаат утакмици, иако тоа не им е најбитната ствар секогаш. Кое ви е тоа размислување дека или дишеш за Вардар, или нема шо да бараш на утакмица? Па не го измисливте вие навивањето па да се праите толку паметни.
Епа си пишува, гледај на тв, ајде сиктер
 
Секогаш сум бил на страната на "Комити" и секогаш ми биле број 1 група ама џабе се занесувате со вакви текстови кога вашата трибина е празна на скоро секој меч, а и поддршката која велите дека ја заслужува Вардар не му ја давате баш преку цела сезона.

Исто така мислам дека голем дел од картите беа купени и пред реваншот и се лажете дека салата немаше да биде преполна ако доживеевме пораз во Германија.
 
Ne kvicete mnogu vie "stari izgoreni" navijaci. Koj sakal na vreme da dojde do karta, kje zel. Dzabe sega kotkodakanja, onakvi zele, ovakvi zele...
A od tie "vatreni navivaci" se vide sezonava..
 
Епа си пишува, гледај на тв, ајде сиктер

Нит те прашав, нит побарав дозвола и мислење. Како што Ви пиша дечково, едвај се собирате и вие 20 души за небитни текми, па уште ќе држите лекции кој требало да влага у сала, кој не.
 
Овој текст е наменет за вас. Вие кои никогаш нема да разберете што значи Вардар. Вие кои никогаш не сте го дишеле Вардар. Вие кои никогаш не сте се молеле на иконата со црвено-црна боја. Вие кои никогаш не дознавте дека Вардар беше единствениот клуб од „големите” во Југославија кој никогаш на своето лого немаше петокрака. Вие кои поверувавте на лажните пророци дека некој друг клуб е „македонскиот бренд.” Вардар не е бренд, Вардар е светост. Тоа е тој Вардар кој го сака еден Аце што работи на брод кој плови некаде по светот во моментов. Тоа е Вардар кој го сакаат и во Америка, во Австралија, во Азија, а верувајте ми и во Африка. На сите тие континенти има барем по еден Македонец кој го познавам и го сака Вардар. И секој од нив би платил тон пари за да биде во Скопје во недела, но не може.
Вие не му требате на Вардар. Сите вие кои навивате за секој македонски клуб, кои навивате за двата скопски клуба, вие на кои ви е „сеедно кој ќе оди во Келн, само нека биде македонски клуб.” Вие кои до вчера се крстевте во „македонскиот бренд” и „месијата” од пријателска Хрватска. Не му требате на Вардар вие кои се чувствувате „повикани” да ги нарекувате Комитите „банда хулиганска,” вие кои не можете да сфатите дека една фрлена паричка никогаш не може да се мери со милиони капки пот, крв и солзи. Не му требате вие кои навивате за полицијата кога тепа наши деца, бидејќи вие никогаш не почувствувавте што значи страст и љубов кон еден клуб. Бидејќи ударот врз тоа дете е удар врз Македонија. Нема потреба да доаѓате во сала. Нема потреба да се чекирате дека сте таму за да собирате лајкови. Девојките и момците ќе ве сакаат и без тоа. Нема никаква потреба да правите селфи со играчите во позадина. Правете го тоа на плажа, во парк, на Водно, ставајте фотки од празни флаши, полни чаши и нови патики. Подарете ги картите на некој кој вистински го сака Вардар. Останете дома, гледајте на телевизија, па во моментите кога ќе губиме и ќе ви дојде она „ете, македонска работа, глупи се, знаев дека ќе изгубат” сменете го каналот. Или гледајте добар филм, слушајте музика, излезете на кафе и прошетајте го градот. Водете љубов. Резултатот ќе го дознаете секако.

Во недела на Вардар му требаат само оние кои живеат за него. Оние кои без двоумење даваат дел од својот скромен буџет за една карта, за една тетоважа со тоа гордо „В,” за еден шал кој честопати е натопен со крв. Е тие му требаат на Вардар. На Вардар му требаат оние кои го гледаа и со Борац, Нексе, Тинекс Пролет и со Јафа промет. На Вардар му требаат оние кои имаа пелин во устата кога не грбачеа вештачките од предградието и зелените од Битола. Му требаат сите оние кои излегуваа од такт кога оние кои не можеа да ни ги купат со пари ни ги купуваа со многу пари. Кои не им ни требаа, но ги земаа за да го ослабат Вардар. На Вардар му требаат оние кои чекаа со часови пред Расадник за да ги гледаат големиот Пепи Манасков, Данило Брестовац и Аце Станковски. Да, некогаш Вардар играше и таму. Тогаш имавме мала, студена сала и големи, топли срца. Сега имаме голема, топла сала, но оние со големите срца се се помалку.

Јас не ве мразам вас бидејќи не можам да мразам Македонци. Само ви покажувам како ќе изгледа нашиот свет во недела . Ви кажувам дека навивањето за два клуба е лицемерие.

Но можам да ги мразам Кил зошто не знаат дека цената на седумте искинати свети дреса ќе биде седум литра крв.

Видов и ликови кои ги продаваат картите за натпреварот. За нив картите се можност за десеткратна заработувачка. За нив Вардар е пари, за нас е живот.

Немојте да доаѓате, барем една вечер оставете го Вардар на вистинските вардарци, на оние на кои честопати Вардар им е причината за постоењето. Оставете не сами за да си се сакаме искрено, онака детски. Заради тоа што успехот ќе биде на сите, а неуспехот само наш. Заради тоа што ако успееме сите ќе славиме, а ако изгубиме ние ќе гледаме во една точка и ќе се прашуваме каде згрешивме, а вие ќе си продолжите низ животот како ништо да не се случило. Затоа што нас поразите вистински не болат.

И бидејќи секогаш сме толку многумина во победите, а толку малкумина во поразите.

ЕДЕН ЖИВОТ, ЕДНА ЉУБОВ. НАПРЕД ВАРДАР!

Добар текст , се надевам ке дојдат тие што треба во недела , барем 60/70 % од тие што идеа во Борис и Кале !

У кој филм си влезен бе човече дај нека не ти перат мозок жити се опрај се дур ти е време.
Вардар коа бил бренд или нешто повеќе во фудбал ти уште не си бил роден дечко,незначи ако идеш на секоја утакмица со подарена карта дека си поголем фан од другите.И неможеш да им забраниш на луѓето да си купат карта и да отидат да го гледаат,ако си тој мајчин купи сезонска карта или сите останати комити и немора никој да доаѓа да гледа само вие гледајте.
 
Moжеби малку претерува ама сфатете го. Пошто ретки како него ќе останат утре Вардар да го следат кога мака ќе мачи во лига. А ќе дојде и тој ден за брзо. А вас кур ќе ве боли. (со чесни исклучоци) Пошто истите луѓе до вчера се трескаа од земја за Металург и се ругаа со вардар за сеа да се испотепаат карта да најдат за да го гледаат истиот тој Вардар што до вчера го ругаа и плукаа и им сметаше тоа што немало Македонци. И сеа кога пропадна Металург тој проблем магично го снема. Преку ноќ не ви смета што во Вардар само Столе е Македонец. Затоа малку потешко ви иде тој текст да го разберете.
 
Ваквите муабети држеа вода можда пред некоја сезона, првите година-две од кога дојде Самсоненко, кога за да платат помалце или за да дојдат до карта све и свашта се буташе кај Комити на трибина, ама сега... Скроз непотребно ширење на негативна енергија, а од друга страна муабетиве и воопшто не држат вода. И не знам како некој па е зачуден што Вардар овие 3-4 сезони привлекува повеќе внимание отколку претходно, кога на европската мапа беше множен со нула. И за крај, веројатно само Комити го можат ова, или еве да генерализираме само на балканов е можно, да во време кога клубот ги живее најдобрите години од своето постоење и бележи историски успеси, ти успеваш сета таа позитивна енергија и заинтересираност да ја одбиеш со вакви его-трипови и притоа целосно да ја распаднеш групата. И сега групата која се распадна откога се намирисаа пари и се издешаваа еден куп тепачки на трибина и вон неа и цели подгрупи војуваа што се вика меѓусебе, продава причи за љубов кон клубот.. Иако и јас сум на некој начин дел од групата, дали 20% од тоа што иде на трибина вреди и оди стварно за клубот, затоа и сме на ова ниво. А атмосферата во сала е таква каква што е, баш поради распадот на Комити, друг муабет ќе беше да бевме озбилна група што ќе ја полнеше цела трибина (2-та блока) позади гол
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom