Фан клуб - РК Вардар

Ајде сега да не претеруваме, после секоја утакмица одат на пиво, традиција им е, ништо ново не е ова, барем не завршуваат на флаши како фудбалскиот сектор.
Ako se so Butin, ti garantiram deka ne zavrshvat samo na edno pivo :)
 
Ај не го потете и вие сеа, Рамос, Давид Ферер и еден куп други пушат, па се светски спортисти. За алкохол муабет да не правиме. И они се луѓе јбг, сакаат да проживеат.
 
Го претерувате, ако не ги држел Раул овие години строго во овој сегмент, не знам кој ќе ги држи. Не сте свесни кои забрани ги имаат и за храна и за пиење, кој не почитуваше, седна на клупа или доби шут карта. Сепак се мажи од по 150 кила и една цигара и едно пиво не им влијае многу.
 
И Веспрем и Ѓер се „мајкини“ на Орбан ама со усул, ако се разбираме, мада, кажав, проблемите тука не се од сега.
Не на Орбан туку на државата, уште од времето си ги имаат наредено они работите. Огромна разлика од нашиот случај.
 
Систина и Здравје се јавуваат како спонзори, кои се во сопственост на Орце Камчев.
За да бидеш спонзор треба да дадеш пари, Систина не дала пари. Од спонзори ко Здравје не фала.

A што е со Сенатор, Витаминка, Т-home, Здравје, Горска и други. Плус имаш и помали спонзори како Пекабеско.

Орце Камчев (близок со поранешната власт) наводно е најбогат македонец со над 30 мил евра според медиумиве. Што бараше он на доделувањето медали во ЛШ? Не е дел од стручниот штаб. И тој е голем спонзор. Сигурно се води како дел од раководство со што си го оправда присуството таму и медалот. Во Центар со Васко Ефтов, Самсоненко си кажа дека се - големи пријатели, они двајца.

Сите знаеме како се создаде "овој" Вардар. Сите го сакаме клубот, ама сега дај да не се правиме наивни. Мислам, ВМРО дојде на власт 2006, Самсоненко се досели во Македонија Август 2006. Чим ВМРО почна да губи власт, почнаа и гласини за проблеми во клубот, Самсоненко најави напуштање на клубовите. Кој знае дали стварно ќе остане наредната година. Самото тоа со тениските терени покажува какви бенифиции му давале. Еден милион евра комунали му опростиле да си тера приватен бизнис со тенис. Прашање и за колку било договорено земјиштето.

Реалноста е таа, нема бегање. Никој не е крив ако клубот падне по годинава, само тие што го граделе.
Убаво кажа, другар му бил на Самс па ај ќе му дадеме медал.

Другите што ги спомна беа кратко и ништо посебно.

Кога ќе разберете дека нема фирма во Мк што би дала повеќе од 200-300 кЕур годишно за спонзорства (без притисоци).

Мора да се научиме да правиме пари од фудбалери и со пласман во квалификации ЛШ (за фудбал) да се склопи некој солиден тим.
 
Вo секoј случaј требa дa дaдеме нaјгoлемa пoддршкa нa клубпт вo времетo кoе следувa. Се би дaл дa се врaти јaкa aтмoсферa нa трибини, пa штo биде некa биде. Пoтписoт нa нoв oдличен гoлмaн ветувa декa ќе oпстaнеме нa сценaтa. Нa крaј крaевa сеуште сме шaмпиoни и првo штo требa дa нaпрaвиме е дa јa пoлниме сaлaтa зa секoј нaтпревaр.
 
Ako se so Butin, ti garantiram deka ne zavrshvat samo na edno pivo :)

Во прилог на муабетов ти иде и европската титула од пред некој месец. Ние сите мислевме дека истата е резултат на максимална посветеност и реализирање на замислите на Раул ама ете ... се најде некој да не просветли. :)
 
Кога сме кај муабетов...


Глејте го Деки бој како ги вика другите, фаца на типичен алкохоличар :icon_lol:
Добро помина и кифли шо не донесоа! :):duel:
 
Другите што ги спомна беа кратко и ништо посебно.
Не знам дали ти воопшто си го погледнал дресот на Вардар. Рекламна табла е. Систина е на дресот. Камчев е спонзор на клубот. А тука и се Gulf, Триглав осигурување, Сенатор, Горска и други кои уште го спонзорираат клубот. Не е воопшто точно дека Самсоненко е единствен спонзор.

Во муабет со ракометар на Вардар (кој веќе не игра за клубот) пред 2 години ми кажа - "да не се и другиве спонзори, клубот нема да може да сврзе крај со крај."

Камчев си зема медал зошто и он дава пари во клубот, не е од пријателство. Логото на Здравје беше на дресовите на сите малдински категории и на машки и женските клубови. Централно и големо.

Тоа дека дошол руски милионер, купил клуб и сам го финансирал, тоа е муабет за наивни лица.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom