A што е со Сенатор, Витаминка, Т-home, Здравје, Горска и други. Плус имаш и помали спонзори како Пекабеско.
Орце Камчев (близок со поранешната власт) наводно е најбогат македонец со над 30 мил евра според медиумиве. Што бараше он на доделувањето медали во ЛШ? Не е дел од стручниот штаб. И тој е голем спонзор. Сигурно се води како дел од раководство со што си го оправда присуството таму и медалот. Во Центар со Васко Ефтов, Самсоненко си кажа дека се - големи пријатели, они двајца.
Сите знаеме како се создаде "овој" Вардар. Сите го сакаме клубот, ама сега дај да не се правиме наивни. Мислам, ВМРО дојде на власт 2006, Самсоненко се досели во Македонија Август 2006. Чим ВМРО почна да губи власт, почнаа и гласини за проблеми во клубот, Самсоненко најави напуштање на клубовите. Кој знае дали стварно ќе остане наредната година. Самото тоа со тениските терени покажува какви бенифиции му давале. Еден милион евра комунали му опростиле да си тера приватен бизнис со тенис. Прашање и за колку било договорено земјиштето.
Реалноста е таа, нема бегање. Никој не е крив ако клубот падне по годинава, само тие што го граделе.