Да имаше клубот барем просечен маркетинг тим ќе знаеја да го искористат и пласманот на Ф4. И покрај недоразбирањата на релација управа - навивачи ќе сфатеа дека поддршката во Келн им е неопходна, па наместо само да ги продаваат картите по официјална цена од 295 евра ќе измислеа некој комплет аранжман за таа цена - превоз со автобус, едно ноќевање со појадок во просечен хотел па макар и надвор од Келн и карта за утакмиците. Верувам дека во тој случај ќе наполнеа барем 5-6 автобуси (300 луѓе) кои организирано ќе отидат и навиваат. Вака после една недела продажба уште има 530 карти на лагер. Типувам дека на една недела до Ф4 ќе има преку 300 карти во продажба. Ќе направеа некој наменски дрес за Ф4, актуелниот плус лого на Ф4, мали амблеми на екипите учеснички и слично, изналепи ги и спонзорите и онака Вардар ќе биде во фокусот на репортерите поради првото учество, ќе биде нешто ново за разлика од другите екипи... Цреповиве како да незнаат дека првпат се случува две екипи од ист клуб да играат на машки и женски Ф4. Можеа да договорат со Скај спорт или кој веќе ги има ексклузивните ТВ права од ЕХФ па да се направи прилог, емисија па дури и некој документарец за клубот, градот, Македонија... И тоа да се врти по една недела пред двата Ф4 турнири во услови кога од година во година расте гледаноста на ракометната ЛШ во Европа, особено на машкиот Ф4 турнир. Не се будали германиците што не даваат Ф4 да мрдне од Келн, па и унгарците видоа бизнис во организацијата на женскиот турнир. Само нашиве ништо не гледаат.