Клипче
asd
- Член од
- 8 јануари 2012
- Мислења
- 14.044
- Поени од реакции
- 36.924
„Во Рожерио Мораес Фереира препознавме талентиран играч кој допрва треба да ги искаже квалитетите што ги поседува. Тоа што има една година сериозни тренинзи и настапи во Германија, за екипите на Кил и Алтенхолц го потврдува нашето мислење дека во него има потенцијал. Затоа се договоривме да остане кај нас во следните три сезони со цел да има време на привикнување и прикажување на талентот и квалитетот. Со него ќе можеме уште подобро да ја засилиме одбраната, но истовремено да имаме и робусен играч во напад. Веруваме во неговите квалитети, и подготвени сме да почекаме извесен период за да може и самиот играч да се прилагоди на нашиот систем на тренирање и играње“ - вели извршниот директор на Вардар, Давор Стојановски, за официјалната интернет страница на клубот.