Фан клуб - РК Вардар

Абе досега не свативте дека манасков ви го турија во екипа само за да ви ги сместат античките на трибини и да се решат од комити затоа и не ве пуштаат на трибини чиста логика
 
@Tomasino со овој тим ли се враќате на старите патеки жити се? :pos:
Помрзлива екипа не сум видел во животов. Една глава повисоки, а играа како прв пат да играат ракомет. Тој пикерот дрво недоделкано. Спасовски и Ангелов го убија во одбрана. Тренчевски го покриваше Дрогата, а Спасовски секаде стигнуваше да затвори. Маестрална одбрана одигра. Манасков се фати за еден состав во текот на целиот дуел.
Како може таткото да не го става синот во тимот, ама затоа дечкото е земен во репрезентација? :pos:
Мартин Манасков влезе само во еден напад, направи исклучување и одма излезе.
Бековската тројка беше Андовски, Чурлевски и Вујачиќ. Скоро 90% од головите ги дадовме од бековска позиција. Воглавно правеа влезови низ одбраната на Пелистер, откако Тренчевски навлекуваше играчи на себе. Сите имаа свои периоди во играта, не можам да оценам кој од тројцата бекови постигна највеќе погодоци. Чурлевски му распали неколку добри топки на тоа дрвцето што позајмиле од Металург, мислам дека Даниловски се презива. Брани топката телето, фатил се дере како да го дупат црнци. Вујачиќ му пикна неколку шута на крајот, а Андовски ги растури со влезови. Од крилата Јовчевски и Поповски на десно крило не добија многу шанси, додека Недановски погоди неколку пати од лево крило. Имаше и едно голче со вртена топка :icon_mrgr:
Недановски истрча и некоолку контри. Од пикер не ми текнува да дадовме гол :D
На голот ни беше Чаневски, дрво недодлекано.
Ивановски влегуваше за пеналите и им одбрани три во серија во второто полувреме :pos:
Не да земе да го остави во игра, фатил го враќа Градимир на терен...
И ние утнавме два пенали во последните минути, иако голманите на Пелистер беа очобол.
Па тој што им е трет голман, кај го нашле човече :pos::pos::pos:
И еден што играше со број 14. Па таква неракометна градба во живот не сум видел :icon_mrgr:
Мајка му се симна на полувреме, го изнаслика додека ги шутираше топките во ѕидот на загревање :pos:
Игра за крила НИКАКВА. Дрогата изгубен. Не знам што се крена толкава фама, освен добар шут, ништо нема детено. Во тоа нозете е како патак дача...
Му текна да шутира на крај откако му викнаа од публика. По една глава повисоки, а цело време се обидуваа да спуштаат до пикер кој беше чуван од 2-3-ца наши ракометари во секое време.
Играчот со број 34 беше доста пробивен и требаше повеќе да го користат.
Ама на Ќани му текна играта да ја базира на дедото што го донесоа на десен бек.
Се прснавме од смеа како само паѓаше. Секој влез копија на другите, божем се крева на шут, па продолжува лево и паѓа :pos:
Судијата не УБИ. На секое паѓање фаул судеше. Да не беше вакво судењето, сигурно лагани ќе тепавме со 4-5 разлика. Мизерија жива, секој допир фаул го судеше, а кај нас со крајни напори.
Нападите на Пелистер по 3 минути траеа. Додаваат, додаваат, додаваат овој кренал рака и две минути ја држи.
Вардар водеше цел меч и тоа со разлика меѓу 1 и 4. Беше 19-15, па 23-19 во 55-та минута.
И тука очна драмата, имавме 24-22 и напад на 2 минути до крај. Изнудивме пенал и две минути.
Утнуваме пенал и Пелистер дава гол на минута до крај.
Ние сме со играч повеќе, Андовски брзо ги минува во одбраната на Пелистер, но од чиста позиција гаѓа над пречката.
Гостите имаа 30 секунди за иразмнување. Тргнаа во напад, комбинираа по што ние направивме груб фаул и имаа неколку секунди со израмнети сили.
На Ќани не му текна да стави маркер, му сугерираа од трибина, па се реши да го пикне тоа пикерот. Ама дебилот НЕ ЗНАЕШЕ ДА ГО ОБЛЕЧЕ МАРКЕРОТ :pos::pos::pos:
Не го чекаа, продолжи играта, а овие се заглавија и Чаневски лесно го одбрани шутот за дебитантската победа на Јуниор...
 
Јас сериозно би го зел Џомба. Барем вакви зицер ситуации како оваа на Шишкарев знае да погоди. Десниве крила ни се најслабата алка во тимот.
 
Преслаби се скандинавциве....
Со прва брзина да играме и без толку грешење, сигурно ќе оди 6-7 разлика. Тоа го очекувам во второ полувреме.[DOUBLEPOST=1443972509][/DOUBLEPOST]Македа кој цар :D
 
Последно уредено:
Жолтокосите дечиња што ги фаќа у кадар,во дресови од Вардар со број 11 :D Помирете се,Манасков добива подршка ширум светот... :D
 
Кришс..... не се воопшто некое значајно мерило, ама одбранта и без Абутовиќ изгледаше одлично. Бувално со сите играчи беше напад-одбрана, без нитуедна измена и не се примија многу голови, едвај 2-3 во тие момнети. После и со Илија во неа, добро функционираше таа 5-1 со Дибиров напред, Тоска, Абутовиќ и Маќеда внатре. Се гледа дека најмногу на тоа се работело сезонава, многу се подобрени затоа и Штербик има многу полесна работа и автоматски повеќе одбрани.

Најмногу голови паднаа од нивното десно крило. Пред се ради тоа што Шишкарев имаше преслаба утакмица. Мораше Брумен попрво да се внесе, ако не во напад, во одбрана заврши подобра рабоа.

Нападот уште чкрипи. Игор денеска беше катастрофа, премногу грешки, збунет и заспан. А кога он не е во форма, логично сиот напад кочи. Раул премногу го остави во игра, требаше да го внесе Циндриќ порано, така и повредата ќе се избегнеше, ваљда не е нешто сериозно иако не изгледаше ни наивно.

Со уште неразработен докрај мотор, се собраа три лагани победи, ниту една реално не беше ставена под голем знак прашалник во вторите полувремиња, широкиот ростер си го прави своето.

Ако не се десат некои глупости, РНЛ ќе биде поплавен во Скопје наредна недела. :D
 
Само да не е сериозна повредата на Карачиќ :confused:
Лошо се здрвија со колената со Швеѓанецот, ама се надевам ќе биде спремен веќе за наредниот натпревар.
Некако ептен рутински победуваме :icon_mrgr:
Не сме го виделе најдоброто од овој тим сеуште. Имаме широк ростер, ама некако сеуште сме најслаби на левата бековска позиција. Дибиров гази, за Тоскиќ немам зборови. На десно сме добри, во средина солидни, а на лево некако сите играчи се од ист тип :icon_mrgr:
Во напад потфрливме малку, но Штербик си беше во препознатлива форма, ги уништи.
Како што кажав, играме доволно да победиме, мислам дека со посилните екипи многу посериозно ќе се сфати работата.
Имаме солиден распоред, очекувам да ги добиеме наредните два дуела и да влеземе со скор 5-0-0 пред најважните натпревари со Киелце и Барселона. Не знам зошто ама Пољаците ги гледам како потешки противници од Барса :icon_mrgr:
Мислам дека на домашен терен може да паднат сите противници, а веројатно 4 победи на гости би ни биле доволни за второ место. Не верувам да тепаме и со Рајн Некар и со Пик Сегед на гости, мислам дека сигурно кикснуваме на една од овие два дуели. Кај Барселона и Киелце тешко дека би земале некој бод...
 
Не ми личеше сериозно повредата на игор, стандарден удар при влез во било кој спорт е ова. За два три дена ко нов ќе биде.
Барса ако тепа со пик сегед ќе има голем плус во борбата за второ место. Мора дома сите да ги добиеме плус да скинеме некој бод во германија или унгарија ако сакаме да бидеме втори.
 
Ќе пишам по трет пат, на лева страна Вардар мораше да собере различен тип на бек.

Све океј Деревен е супер талент, моментално е добар, ќе напредува. Ама е ист тип на играч како Горбок. Ако едниот не се снаоѓа против денешната одбрана, нема да се снајде ни другиот.

Да се собереше Слишковиќ од подостапните место Деревен ќе се завшеше одлична работа и ќе се имаше тотално не само покриен, него и разноврсен тим на секоја позиција.

За наредна сезона, не е познато како ќе биде развроската со Момир Илиќ и неговото останување во Веспрем, ако е достапен, мора да се собере. Би се добила деснорака верзија на Македа. И со игра и со одбрана и со све. :D

Не ми личеше сериозно повредата на игор, стандарден удар при влез во било кој спорт е ова. За два три дена ко нов ќе биде.
Барса ако тепа со пик сегед ќе има голем плус во борбата за второ место. Мора дома сите да ги добиеме плус да скинеме некој бод во германија или унгарија ако сакаме да бидеме втори.

Полека се местат коцките за освојување на второ место и осминафинален дуел со Металург. :sneaky:
 
Кажав и тогаш ќе кажам и сеа, многу се радувам што успеавме да го собереме Македа :D Не дека имаше конкуренција де, но знаете какви се префригани овие Европјаниве.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom