ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.973
- Поени од реакции
- 57.795
- Возраст
- 34
Маркоски беше дел од златната генерација на Вујо кога пред две години ја освоија титулата. Го ишутираа кога Самсоненко го презема клубот за на негово место да дојдат Тоскиќ и Чипурин.
Грешка си, трансферот он кај бате го имаше договорено уште пред да заврши првенството. А Самсоненко дое откако се освои титулата. Еве и од Михо изјава:
НОВ СПОНЗОР
- Самсоненко е најголемото засилување во Вардар за идната сезона. Од денес се создава нов и помоќен Вардар. Тој ќе биде и спонзор и спортски директор, а јас ќе бидам почесен претседател на клубот. Моја цел и цел на Самсоненко е да направиме еден нов подобар Вардар, кој ќе има цел да го направи истото што и Металург сезонава во ЛШ, потоа пак да игра во фајналфорот во Регионалната лига и да ја одбрани титулата во домашното првенство - рече досегашниот претседател на Вардар, Михајло Михајловски.
За амбициозниот план на Вардар прво ќе му треба тренер, бидејќи Веселин Вујовиќ најави заминување во Катар, а има и едногодишна суспензија од РФМ, а ќе им требаат и неколку квалитетни играчи.
- Само Вукашин Рајковиќ и Вук Лазовиќ ги ослободивме од обврските, а заминувањето на Никола Марковски малку нѐ изненади, бидејќи тој од мали нозе беше дел од Вардар. Прво планираме да ангажираме десен бек и пикер, а тренерското име би требало да биде познато до крајот на јуни - вели Михајловски.
)
..

