Прв меч сезоната кој е добиен благодерение на одбраната. Конечно стегната одбрана, а кога ќе се додаде на тоа фактот дека во неа единствен двометраш е Абутови и дека Тоскиќ игра како негов партнер = одлично завршена работа. Да имаше и Штербик добар меч по негов стандард, овие ќе дадоа едвај 20 гола.
Затоа во нападот премногу осцилирачки. Овој тим и ваков без константен лев бек и без десен бек кој е „бомардер“ има огромен потенцијал. Но Горбок игра млако, Филипче е Филипче, со Прибак и Карачиќ не иде против секого. Алекс пак е во многу лоша форма. Тој и Брумен се доказ како повреда може да ти сјебе цела сезона.
Особено ми е жал за Брумен, од најдобар играч, после брцањето у око од страна на Уве Свинштајнер сега е најслаб поединец, не може да постигне гол.
Нешто слично што му се деси на Дибиров лани.
Но затоа Шишкарев игра одлично, особено онаму каде што не се очекуваше многу од него, во одбраната, на последните 4-5 ЛШ утакмици игра супер.
Шутот од трк на Карачиќ.
Сума сумарум, рутинирана победа, со малку поагилен напад и подобар Штербик ќе го јадат и РНЛ во нивното дувло.
