Фан клуб - РК Вардар

се тресеше салата, буквално, немам присуствувано на поемотивно нешто :cuc: Карачиќ се напизди малце кога се случи рчката помеѓу него и Вујо и публиката го скандираше името на Вујо :D
 
Ја како неутрален љубител на ракомет (си навивам и за Вардар и за Металург), сакам само да ви речам алал! И ќе се дрзнам, да се избацам со онаа добропознатата која секогаш ја читам тука: „Ае нека се прибере Коњаникот, да си ставам какао и да му ги прочитам импресиите." :) Ама стварно, само да не му текне Кисела вода да фати.
 
Нема што да се љути. И исус лично да се симне и да се рчне со Вујо пак ќе застанам позади Веселин :)

За денес нема потреба да се овјаснува ништо, ова може само да се доживее. Вистинското ежење беше 20 минути пред натпреварот кога цела сала грмеше еден е вујо. Се надевам го има некој снимено овој дел бидејќи штета е да не се овековечи таква емоција. Цел живот ќе го памтам тој момент :place::vozbud:
 
Не памтам ја ваков дочек некој да имал до сега од вардарци. Цела сала грмеше за Вујо легендата. Човекот е срце вардарово. Од Кале се отпишавме целосно како што му доликува. Беше исто така буквално целосно полно од све страни.

Ги плеснавме комшивките и за крај го плеснавме и Загреб како единствен шампион на Сеха освен нас. И еднаш од никаде се испеа О сузана за шлаг на торта :ROFLMAO:

Чудно чувство ми дојде искрено кога помислив дека ова е последна утакмица во Кале и после толку утакмици нема веќе да го гледам Вардар таму.

Али времето продолжува и Вардар се сели во сопствен најмодерен комплекс, како што му доликува на еден клуб од самиот врв.

За Кале допрва ќе се раскажува помеѓу наредните генерации за сите дешавки и легендарни утакмици кои сме имале чест да ги гледаме.

За утакмицата...

Во ниту еден момент не ни ја загрозија победата и уште од почеток покажавме кој е кој. Марковиќ ги наполни со десет гола, и веќе почнаа да ги играат препознатливите акции. Малце повеќе простор во одбрана им се оставаше, посебно на Степанчик кој не наполни.
Плинарите воопшто не беа нежни и имаше неколку груби стартови, посебно на Карачиќ и Горбок и еднаш нокаут доби и Лацковиќ. Среќа се се заврши без повреда.

И да... Некако со оваа утакмица ми стана јасно зошто Раул го остави Столе во Скопје за утакмицата со Целје. Столе во очајна форма е. Не памтам да сум го видел да игра толку лошо, топки му паѓаат од раце, неможе да ја прими како што треба, некои нејасни грешки. Итно мора да се среди бидејќи од ова што го видов не е добра работава.

Одлична утакмица за крај, мило ми е и ја што бев дел од ерата на Вардар во Кале. Ќе биде запишано во нашата историја како дом на најтрофејниот македонски ракометен клуб.
 
Ќе дојде Вујо пак во Скопје кога Загреб ќе игра против Металург во Борис Трајковски салата. Очекувам едно 100 души да отидат и да викнат Вујо мајсторе да ја збунат малку театарската публика :)
 
Да ве еб*м, ги гледав клипчињата 5 пати и се изнаплачав. Секоја чест на Комити. Иако си ги сакам и Металург морам да кажам дека како што Вардар има навивачи нема никој друг. Ви се поклонувам.:cuc::cuc::cuc:
 
10346381_10204722440922146_4310056920566705958_n.jpg

Ништо од тоа ете ги заедно :D
 
Што се случи со Карачиќ и Вујо?
Според мене Вујо ваљда нешто му префрли ради лежењето и овој му напраи со прстот да заќути и тоа беше тоа.

Иначе ваков пречен нема да има ни Гвардиола на НОУ КАМП ако се врати како што имаше вечерва ВУЈО МАЈСТОРЕ на Кале!
Уште сум наежен, уште во главата ми се врти "Вујо Мајсторе" и уште солзите на Вујо ми се пред очи па едноставно ваква поврзаност немам видено. Премногу емотивно беше вечерва.
Само се надевам дека човеков некогаш пак ќе дојде во Скопје и ќе застане на чело на Вардар!

Утакмицата лабава исто како и одбраната, кога и да се заканеше посериозно Загреб одма Вардар враќаше и најдобра утакмица мислам дека имаше Марковиќ.
Ептен профи изигра и имаше еден гол ала Дибиров каде што здивевме.

Цепелините им станаа навика изгледа, профи изведено.

Пак ќе се навратам на Вујо и Комити и се надевам овие видеа,слики, целокупната атмосфера ќе биде пренесена низ цела Европа преку телевизии, весници, портали и слично бидејќи за ваква ЉУБОВ мора СВЕТОТ ДА ДОЗНАЕ!

За Комити што да кажам освен дека искинаа?
Намерно земав карти спроти нив бидејќи знаев дека ќе уживам во спектаклот и стварно секоја чест.
ГРМЕА ЦЕЛО ВРЕМЕ!

Толку од мене и ова беше една од утакмиците што секогаш ќе ја памтам и секогаш ќе ја раскажувам!
 
Последно уредено:
Вујо му даде многу големо значење на Вардар како клуб. Го направи повеќе од клуб, покажа колку може да се сака Вардар и што значи љубовта за црвено-црната боја. Вујо мајсторе! :cuc: Една од најголемите легенди на цело СД Вардар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom