Фан клуб - РК Вардар



Какви КРЕТЕНИ! Битно нешто да се чкрта. Јас стварно не разбирам која е понетата на текстов. Најмалку зошто им е ставен во одделот за ракомет.

"ДО КАДЕ СТИГНА РАБОТАВА: ФК Вардар чека навивачи – од РК Вардар!"

Која црна работа? Има нешто чудно во тоа навивачи и подржувачи на Вардар да одат на натпревари на РК/ФК/КК/ПК/ВК Вардар? Или лошо е што со еден тикет може да се оди и на ракомет и на фудбал? Која работа до кај е?

Зошто ваков текст е напишан само во контекст на Вардар? И што има лошо во тоа што повеќе луѓе што гледаат македонски ракомет отколку фудбал?

И понатаму: "Од една страна разбирлива е одлуката на раководството на ФК Вардар кое сака да собере што е можно повеќе навивачи на арената „Филип Втори“, но од друга страна тоа е многу поразителен факт за фудбалскиот клуб, кој сега се става во втор план, а секако е македонска спортска институција за РК Вардар."

Oчигледно ништо не им е разбирливо. Не знам овие ни дали знаат кај живеат и која година сме? Ко божем до вчера по 20.000 души имало на стадион па сега многу поразителен бил фактот што се обидувале да ги привлечат и оние што оделе на ракомет.
А крајов на реченицава па е бесмислен до бесвест. ФК Вардар е спортска институција за РК Вардар? УаУ. Лудило. Пред да пишуваат вакви идиотштини нека научат што е институција а што секции. РК Вардар и ФК Вардар се две секции на една иста институција- ВАРДАР. Не постои ривалитет меѓу нив (невозможно е!). Нема некој во прв и втор план. Дури и тоа која секција е поуспешна е прашање дали може да се компарира. Но и да може условно не знам по што или по кои успеси ФК би бил "институција" за РК ? Али како што кажав горе- битно нешто да се чкрта... само што за вакви злонамерни чкртки се заслужува permanent ban на натпреварите на Вардар. А не им е прв пат. Цело време тресат милион имиња за трансфери. Секоја недела... ко Вардар да нема никаква стратегија за тоа што му треба во тимот и да пита од врата на врата за играчи...
 
Точно, веста е да се испровоцира и да си набилдаат кликања, но на момент и да си излечат за момент фрустрации на некои од Екипа, бидејќи некои од таму колку што знам ја водеа фб страната на ФК Вардар и беа вработени во ФК Вардар околу одржување на сајтот и фб страната.
Интересно е што со вакви напади кон ФК/РК Вардар секогаш излегуваат пред некој важен или дерби меч на екипите .
После оваа вест за мене се мртви како медиум, одлајкнато од фб и повеќе не ги читам, макар после ова пишале дека СД Вардар е совршенство и се најдобри сите екипи со името Вардар.
 
10001422_534378926678771_2099561843_n.jpg

Поздрав :D Го начекавме у центар, а 21.30 беше. Го прашав за Дувњак и ми кажа дека пред 1 саат се у кревет и спијат
 
Кои се шансите Кукоски да биде во екипата денеска?
 
Ете и ние дочекавме 1/8 финале да играме и за цела (не)среќа со европскиот шампион Хамбург. Ако ја видиме историјата германските екипи ни се ноќна мора, но тоа беа други времиња, сега е времето на еден нов и моќен Вардар од тогаш, сега е времето на еден Вардар кој е во подем.
Кога не извлекоа пишав тука, дека и стигнувањето до 1/8 финале е успех за оваа сезона. Не ги откажувам предвреме, но ако денеска и подоцна на реваншот изиграат машки, цврсто во одбрана, голманите да имаат свој ден, да се игра мирно и без избрзани шутеви, да се игра со срце на терен, ако се искористи состојбата во која е во моментов во Хамбург може да очекуваме чудо.
Момците нека играат за инат на сите злобници, на сите оние кои предвреме го отпишаа и нималку не му дадоа барем некаква шанса за победа.
И ние најверните, и покрај сите репресии да им покажеме на сите како се навива, да се остави гласот на трибина, да го направиме црвено-црниот вулкан да изгорат во него играчите на Хамбург. Да бидеме најважниот играч во тимот на Вардар.
Нека играат храбро и лудо, сакаме европско чудо!!!!
 
Ајде полека полека накај сала. @Клипче не се качувајте по огради :D
 
+ 4 ЗА ВАРДАР
Мора Диви на брани и пеналите да ги изведува лазаров или брумен
 
Како може бе лична карта да не носиш коа знаеш дека ќе ти бараат.... А и да не бараат, лична карта по дефолт се носи со тебе....
Бог да чува, какви ретардирани лица имаат во група, страшна работа.[DOUBLEPOST=1395508456][/DOUBLEPOST]
Зашто се извадени столчињата горе лево,ружно делува салава (n)
За да не ги искршат. Комити треба да стојат таму.
 
на здравје пораз уште во 11 мин. најава...Хамбург е за 10 класи подобар од Вардар...а ако успеат нашите победа да извлечат..тоа би било 1-2 разлика..најмалку реми..
 
Најбитната утакмица сезонава, без навивачка група...фак јеа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom