Сладоледџија
Ванила & Чоколадо
- Член од
- 8 декември 2009
- Мислења
- 14.458
- Поени од реакции
- 11.917
Во недела Вардар го игра последниот домашен меч во групите од ЛШ. Победа во овој дуел би значела шанса за борба за втората позиција на гостувањето во Париз, позиција која на Вардар ќе му донесе полесен противник во осмина финалето кое веќе го обезбедивме на мечот со Динамо Минск. Меч кој го добивме на теренот, но го загубивме на трибините. Време е да сфатите дека на трибината нема поединци. Проблемите предизвикани од поединец се проблеми предизвикани од целата група. Време е да се стави крај на фрлање предмети во терен, закачки со други членови од групата, седење на шипка, насилно земање на дресови од играчи итн. Не дозволувај групата да те знае како некој кој фрлил црна дамка врз името на КОМИТИ! Твоето место е горе на трибината, а твојата задача е гласно да го бодриш својот тим и да ги следиш инструкциите од водството на групата. Затоа во недела да им се извиниме на дечките за нашиот лош ден, и да им дадеме поддршка каква што само ние знаеме и умееме. За нив сме секогаш најдобрите, играчот број 8 и тоа само уште еднаш ќе го потврдиме. Големи се оние кои ги признаваат грешките, а уште поголеми се оние кои што учат од нив и ги исправаат во наредната прилика.
Затоа во недела нека грми Борис Трајковски, на крилјата на нашата поддршка нашиот Вардар да дојде до нова многу важна победа!
Собирање : 16.00 пред воена болница, тргање во кортео 16.30
Карта : 100 денари
АЈДЕ СКОПЈЕ АЈДЕ ВАРДАР
Сите други карти се 150 и 200, а никако да земам карта од 100 денари и да седам со Комитите.. Дајте бе карта да купам од кај вас, сакам со комитите да навивам ...