Фан клуб - РК Вардар

Јас мислам на Филипче да му порачате да одбира или Струмица или кај нас, едноставно толку му е капацитетот на дечкото, во наши услови може и да се прослави.
Растворцев прочитав горе коментар дека е преценет и максимално се сложувам, лев бек сега испаѓа дека и немате.
Исто ве подебнаја денес и судиите со 2-3 исклучвања кои според мене немаја врска. Нон стоп бевте играч помалце.
Свињата дебела исто се сложвам дека не е толку лош голман.
Ќе биди ова измешана група, на домашен терен ми се чини нема шо да бара кај вас некоја екипа.
 
Судиите беа тапа..не знам само како можат од ЕХФ да пуштаат вакви индијанци,како Македонска лига да е ова,не ЛШ...
Дозволија груб ракомет,пред се од Динамо,многу стартови останаа несанкционирани...
Многу глупи стартови беа казнети со 2 минути,некои боречки зафати останаа невидени....
Кај видоа пенал од Тоскиќ при последниот напад на Минск?:гик:
Како едвај да чекаа да свирнат пенал..
Тој едниот судија ми личеше на Пејановиќ:D(како браќа да беа),....
Настрана се,слаба утакмица од двете страни..
Слаб ракомет,бавен ракомет,,овие две екипи можат многу повеќе...
Вардар затаи со ротацијата,пред се на крилата,им требаше одмор.пред се на Брумен,душа немаше човекот,одбрана,напад,попушта конецтрацијата,не е ни чудо шо ќе промашува после....
Од толку ротирање на 3 ца пикери,само опцијата со Тоскиќ даваше резултат,нападот беше добар со Тоскиќ на линијата,излезе Тоскиќ како добро засилување,плус игра и одбрана,нешто шо за Столе и Чипурин е научна фантастика..
Карачиќ имаше слаб ден,го прочита стариот,иако многу грубо одеа над него,на почеток добро разигруваше,ама после изгуби сила...
Добро го проучил и Пејановиќ,последниот шут го фати рутински,си ги испружи само рацете,Карачиќ се закуца баш кај шо не требаше,се залепи до голман...во ваква ситуација се бара поголем агол и се шутира или високо горе,или ниско долу.се избегнува раката на голманот кој рефлексивно се отвора целиот..грешка шо во налет често се прави,во оваа ситуација Карачиќ беше во налет и немаше време да прави скок шут мораше од место да шутира...
Душебаев треба да е стартер,некако многу доцна влегува во игра,треба со него да се почнува....нападот е далеку поопасен со него...каков влез има дечкото,секоја чест...невиден техничар...
За Филипче шо да кажам,освен асистенцијата кон Тоскиќ џабе играше,класичен додавач на топки...а во вакви тесни мечеви на две израмнети екипи се знае кој ја презема одговорноста,бековите,нема тука многу простор за другите играчи,се прави позиција за бековите..
Ете Дениќ шо проба во последните 15 минути,да се заобиколи Дибиров и да се прај акција за бековите,Шелменко распуца и даде 4 парчиња за само 10ина минути,е за ова се бековите(левиот и десниот)или да шутнат или да направат простор за пас кон пикер или крило,Филипче го научија дека нема јајца за шут па знаат дека ќе оди на пас,затоа и не е корисен...
Тоа е,имаше свој ден Пејановиќ,шо ти значи да имаш стабилен голман,но и дебелиот не беше лош фати еден куп топки(шо требаше да ги фати).
Имаше Вардар шанса за нерешено,како се одвиваше мечот речиси бев сигурен дека ќе заврши нерешено мечот(дури и пред утакмица сакав да ја уплатам на нула)...:)
Во Скопје треба да ги добиете со 2 разлика...
 
Само не знам како на Растворцев не му текне да спуште шутот? Безброј високи и полувисоки му фанаа :(
 
Судиите беа тапа..не знам само како можат од ЕХФ да пуштаат вакви индијанци,како Македонска лига да е ова,не ЛШ...
Дозволија груб ракомет,пред се од Динамо,многу стартови останаа несанкционирани...
Многу глупи стартови беа казнети со 2 минути,некои боречки зафати останаа невидени....
Кај видоа пенал од Тоскиќ при последниот напад на Минск?:гик:

Дефинитивно едно од полошите судења што сум ги гледам. Не личеше на ништо, без никаков критериум.

Не сфаќам зашто Брумен доби две минути и пеналот со Тоскиќ. Едно чудо исклучувања за глупости. Какви стартови на Карачиќ по сурат имаше само. Брумен удар каков доби и немаше две минути за тоа. Брука е во ЛШ да се суди вака тотално изгубено.



Ама се изнервирав човече, срцево ме стега од нервоза :icon_mrgr:
И на мачоров му ја префрлив нервозата почна да трча како улав низ соба :нинџ:
Очигледно крајниве мечеви од сезонава од Бардовци ќе ги гледам, со мачоров заедно :icon_mrgr:

Мајка ми за време утакмица „иди бе купи прашок“

Ја: абе бегај ти ебам и прашок и машина ќе исфрлам и се.

Еве ја уште вика :icon_lol:
 
:pos:
a4u7epa9.jpg


Sent from my Galaxy Nexus using Tapatalk 2
 
И денес ќе изгубиме, и уште толку ќе се наруши атмосферата во клубот... :)
Се надевам денес нема да игра со првотимците, туку ланската постава ќе си го игра цел меч. Само се мислам дека ради тоа што ептен критики ќе јаде Зокица ако загуби денес, пак ќе форсира со прв состав.
 
И денес ќе изгубиме, и уште толку ќе се наруши атмосферата во клубот... :)
Се надевам денес нема да игра со првотимците, туку ланската постава ќе си го игра цел меч. Само се мислам дека ради тоа што ептен критики ќе јаде Зокица ако загуби денес, пак ќе форсира со прв состав.

Моја грешка, натпреварот е од 15:00, не од 16:00. Не знам бе, јас се надевам дека ќе тепаме денес. Нема ваљда толкав дебакл да биде мини-турнејава низ Белорусија.
 
Мислам дека досега никој не победил кај Брест во СЕХА лига, така да...:icon_mrgr:
 
Не играа со полна пареа.Со Татран играа на на 5-ти,а веќе на 7-ми и 8-ми имаа двомеч со Макаби за ЕХФ куп.

Не навлагам у тоа, само го поправив Коњаникот за тоа дека сепак имаат пораз дома.

А и денеска колку што читав, Шпилер ќе игра под инекции а имаат и уште 2-3 повредени... мислам дека Вардар има големи шанси да ја добие оваа и дека ќе играат многу посконцентрирано во напад од мечот со Минск.

Бај д веј и денеска братски дуел, Игор вс. Иван Карачиќ. :D
 
Нешто не е во ред со преносов очигледно. На лајвскорот гледам дека е 1-0 за Брест. Две одбрани на нивниот голман, две на Малумбрес од три шута.
Во тимот се и Митко Стоилов и Диви.
--- надополнето: 28 септември 2013 во 15:12 ---
После 10 минути 4-3 за Брест. Нивниов голман има 6 одбрани од 9 шута. Катастрофа.
Дибиров пуца 1/4 со промашен седмерец. :(
 
Одново нема пренос, само текстуално...
Јас стварно не знам што е со пеналиве, Дибиров го утнал првиот:tapp:
И зошто воопшто игра Дибиров, нека го стави Марковиќ малку.
Првата постава веројатно ни е Малумбрес, Стоилов, Раковиќ, Дибиров, Растворцев, Прибак и Петриќ.
 
Ајде, му тргна и на Дибиров. Со два гола по ред не враќа на 6-6. Иначе да, и ја мислам дека Марковиќ треба да игра.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom