Судиите беа тапа..не знам само како можат од ЕХФ да пуштаат вакви индијанци,како Македонска лига да е ова,не ЛШ...
Дозволија груб ракомет,пред се од Динамо,многу стартови останаа несанкционирани...
Многу глупи стартови беа казнети со 2 минути,некои боречки зафати останаа невидени....
Кај видоа пенал од Тоскиќ при последниот напад на Минск?

Како едвај да чекаа да свирнат пенал..
Тој едниот судија ми личеше на Пејановиќ

(како браќа да беа),....
Настрана се,слаба утакмица од двете страни..
Слаб ракомет,бавен ракомет,,овие две екипи можат многу повеќе...
Вардар затаи со ротацијата,пред се на крилата,им требаше одмор.пред се на Брумен,душа немаше човекот,одбрана,напад,попушта конецтрацијата,не е ни чудо шо ќе промашува после....
Од толку ротирање на 3 ца пикери,само опцијата со Тоскиќ даваше резултат,нападот беше добар со Тоскиќ на линијата,излезе Тоскиќ како добро засилување,плус игра и одбрана,нешто шо за Столе и Чипурин е научна фантастика..
Карачиќ имаше слаб ден,го прочита стариот,иако многу грубо одеа над него,на почеток добро разигруваше,ама после изгуби сила...
Добро го проучил и Пејановиќ,последниот шут го фати рутински,си ги испружи само рацете,Карачиќ се закуца баш кај шо не требаше,се залепи до голман...во ваква ситуација се бара поголем агол и се шутира или високо горе,или ниско долу.се избегнува раката на голманот кој рефлексивно се отвора целиот..грешка шо во налет често се прави,во оваа ситуација Карачиќ беше во налет и немаше време да прави скок шут мораше од место да шутира...
Душебаев треба да е стартер,некако многу доцна влегува во игра,треба со него да се почнува....нападот е далеку поопасен со него...каков влез има дечкото,секоја чест...невиден техничар...
За Филипче шо да кажам,освен асистенцијата кон Тоскиќ џабе играше,класичен додавач на топки...а во вакви тесни мечеви на две израмнети екипи се знае кој ја презема одговорноста,бековите,нема тука многу простор за другите играчи,се прави позиција за бековите..
Ете Дениќ шо проба во последните 15 минути,да се заобиколи Дибиров и да се прај акција за бековите,Шелменко распуца и даде 4 парчиња за само 10ина минути,е за ова се бековите(левиот и десниот)или да шутнат или да направат простор за пас кон пикер или крило,Филипче го научија дека нема јајца за шут па знаат дека ќе оди на пас,затоа и не е корисен...
Тоа е,имаше свој ден Пејановиќ,шо ти значи да имаш стабилен голман,но и дебелиот не беше лош фати еден куп топки(шо требаше да ги фати).
Имаше Вардар шанса за нерешено,како се одвиваше мечот речиси бев сигурен дека ќе заврши нерешено мечот(дури и пред утакмица сакав да ја уплатам на нула)...

Во Скопје треба да ги добиете со 2 разлика...