Вујовиќ пред реваншот со Магдебург: Предност од четири гола во 58. минута и наш напад – потпишувам веднаш!

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, во свој стил ја кажа желбата пред неделниот реванш дуел со Магдебург, каде што црвено-црните бркаат негатива од три гола, откако на првиот меч загубија со 27-30.
„На неколку меча досега сме имале добар старт, а паѓавме во второ полувреме. После нашето водство од 6-1 во осмата минута, шутиравме избрзано, неразбирливо, правевме грешки кои тука не смее да се прават. В недела не сакам да водиме 6-1 па Магдебург да намали на 6-5. Сакам во 58. минута да биде четири разлика и наша топка. Не би сакал да имаме предност голема па Магдебург да почне да игра во стилот „нема што да загуби“. Мораме да бидеме мирни, на 20 минути по еден разлика да правиме – и да заврши 28-25 – сега потпишувам. Но, тоа е коцка, ракометот е таков. Негатива од три разлика се стига и во 3 минути. Може Магдебург и ќе води, никогаш не се знае. Ако гледаме математички, Магдебург за 52 минути не победи таму со 8 разлика. Ние имаме квалитет да победиме со разлика која ни е доволна. Иако различна е филозофијата кога треба само да се победи, а поинаку е кога треба да бркаш негатива. Мора да се има мир, концетрација, висок процент на шут и на одбрани“, рече Вујовиќ.