Фан клуб - РК Вардар

Вујовиќ пред реваншот со Магдебург: Предност од четири гола во 58. минута и наш напад – потпишувам веднаш!


Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, во свој стил ја кажа желбата пред неделниот реванш дуел со Магдебург, каде што црвено-црните бркаат негатива од три гола, откако на првиот меч загубија со 27-30.
„На неколку меча досега сме имале добар старт, а паѓавме во второ полувреме. После нашето водство од 6-1 во осмата минута, шутиравме избрзано, неразбирливо, правевме грешки кои тука не смее да се прават. В недела не сакам да водиме 6-1 па Магдебург да намали на 6-5. Сакам во 58. минута да биде четири разлика и наша топка. Не би сакал да имаме предност голема па Магдебург да почне да игра во стилот „нема што да загуби“. Мораме да бидеме мирни, на 20 минути по еден разлика да правиме – и да заврши 28-25 – сега потпишувам. Но, тоа е коцка, ракометот е таков. Негатива од три разлика се стига и во 3 минути. Може Магдебург и ќе води, никогаш не се знае. Ако гледаме математички, Магдебург за 52 минути не победи таму со 8 разлика. Ние имаме квалитет да победиме со разлика која ни е доволна. Иако различна е филозофијата кога треба само да се победи, а поинаку е кога треба да бркаш негатива. Мора да се има мир, концетрација, висок процент на шут и на одбрани“, рече Вујовиќ.
 
По Бранко Црвенкосвки :D
Грешка,Бранко го доби својот прекар по Папата....;)
Иначе,не знам точно како го добил прекарот(сигурно не по Бранко)....,ама на времето Папата беше лев бек...:pos:таму не му одеше па Цане Крстевски го прекомандува на линијата...а овде гази...:pos:
П.С.ОН ТОПИК..
Кога е точно утакмицата?Во сабота или во недела?
Со среќа,имате голема шанса,Магдебург не е она ниво како на времето,сепак Шваби си се Шваби..
Никаде ги нема и на крај пак ќе победат..
Онаа изреката за фудбалот (игра во која секогаш победуваат Германците)повеќе практична примена има во ракометот....
Ај шо се јаки јаки се,ама и среќа У ГЗ ИМААТ со наши екипи/репрезентации:eek:
 
Ваљда ќе има карти пред утакмицата, не ми се оди до кале за карта... Ако не ќе се шлепам со комити :)
 
Вујовиќ: Навивачите ќе ни дадат крилја
Ракометарите на Вардар Про подготвени го очекуваат реваншот со Магдебург во 3. коло од Купот на ЕХФ. Тренерот Вујовиќ на прес-конференцијата пред мечот потенцира дека посакува добра игра во финишот на мечот и предност од 4 гола, која ќе им донесе пласман во следната фаза.
sp-vujovic.jpg

„Ако пред мечот некој ми понудеше пораз од 3 разлика, веројатно би прифатил. Но со оглед на она што се случуваше на крајот на мечот, кога имавме два неискористени напади, можеби Вардар можеше да дојде и до подобар и поактивен резултат. Нашите мисли сега се свртени на реваншот во Кале. Салата ќе бидеполна, нема да има слободни места. Очекуваме навивачите да ја направат онаа атмосфера кои ќе им направи притисок на гостите, а нас ќе ни даде крилја во една добро одиграна средба да ја стигнеме таа негатива од 3 гола разлика“, вели Вујовиќ.

Средбата со Магдебург се игра во СРЦ Кале в недела со почеток од 18 часот.
 
Него читам доста проблеми со повредени имаме. Раковиќ веројатно нема да игра, Петриќ се повредил у Германија па цела недела не тренирал. Карачич и Рајковиќ на вчерашниот тренинг поситни повреди добиле..... Ма да последниве двајца ќе играат изгледа.
http://www.rkvardar.com.mk/mk/pocetna/9-novosti/180-magdeburg942
 
http://www.rkvardar.com.mk/mk/pocetna/80-intervju/179-milosdragas168

file01691.jpg
Милош Драгаш е роден на 11.06.1990 во Прибој Србија. Тренира ракомет од својата 12 година.
Прв клуб за кој настапувал е РК Прибој (СРБ) потоа во РК Брчко (БиХ) и РК Металопластика - Шабац (СРБ).
Сеуште се привикнува на атмосферата во клубот, соиграчите но вели дека многу убаво се чувствува како дел од тимот..
За Скопје вели деке е многу убав град, но дека сеуште не го запознал убаво.
Иако за него беа заинтересирани од РК Металург, раководството на РК Вардар биле многу поконктретни во својата желба да го видат во својот клуб.
Не заборави да ги спомене и Комитите, навивачите како еден од пресудните фактори кои довеле до потшпишување на договорот со РК Вардар ПРО.
Желба му е во дресот на РК Вардар ПРО да ја освои лигата на шампионите. (се смее)
П.С Милош има девојка и убаво му е :)
 
П.С Милош има девојка и убаво му е :)

:pos: :pos:
Блазе си му. :icon_mrgr:

Иначе картите што биле пуштени у продажба веќе се продадени.
Вујо и Столе се смириле, у Спорт имаше интересни слики од нив двајцата. На една двајцата се застанати со дигнат гард ко да ќе се тепаат :pos:
 
П.С Милош има девојка и убаво му е :)

:pos: :pos:
Блазе си му. :icon_mrgr:

Иначе картите што биле пуштени у продажба веќе се продадени.
Вујо и Столе се смириле, у Спорт имаше интересни слики од нив двајцата. На една двајцата се застанати со дигнат гард ко да ќе се тепаат :pos:
Od kaj ova? siguren si?
 
П.С Милош има девојка и убаво му е :)

:pos: :pos:
Блазе си му. :icon_mrgr:

Иначе картите што биле пуштени у продажба веќе се продадени.
Вујо и Столе се смириле, у Спорт имаше интересни слики од нив двајцата. На една двајцата се застанати со дигнат гард ко да ќе се тепаат :pos:

Сакаш да ми кажеш ако утре идам до кале нема да има ни една карта?

Не ми крши вака планови таман утре планирав да идам да купам.

.
 
Целата трибина ќе биде за нас, или пак 2/3 од трибината, така да би требало да има доволно место. Божем незнаете каква е состојбата во Кале за вакви мечеви.
Ѕидовите се топат, се стои еден врз друг :icon_mrgr:
 
Да ве потсетам уште од сега, во недела сите што имате Македонски знамиња да си ги понесете со себе :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom