- Член од
- 28 јануари 2018
- Мислења
- 2.030
- Поени од реакции
- 9.902
Многу се залетавме и ние со тие бомбастични најави за засилувања, некако си се заигравме со приказната за повторно силен Вардар.
Се плашам само после толку големи очекувања да не има разочарување на крајот, гледам и останатите засилувања што се споменуваат за наредна сезона некако ги дочекуваме еуфорично, а реално се далеку од некој сериозен квалитет, мислам дека и сите заедно да ги собереме имаат точно НУЛА МИНУТИ одиграно во Лига на шампиони.
Единствено во тој Хрватот од Слован имам некоја надеж, ама и тој во најдобар случај ќе биде како Хорига, ништо повеќе.
Ако сакаме реално да гледаме, со моменталниот состав и засилувањата што се договорени за наредна сезона, ние ќе бидеме топовско месо за повеќето екипи во ЛШ, прашање е дали воопшто може на некој од противниците да парираме.
На шурите им се смееме, а уствари ние со овој ростер ќе бидеме бетер од нив.
Сосема друга димензија е тоа натпреварување, за разлика на пример од Европската лига каде што играме сега, затоа мислам дека и тоа малку не залажува за квалитетот на некои наши играчи.
Знам дека звучи песимистички, ама ние за да се натпреваруваме во ЛШ и да бидеме конкурентни, ни треба буквално цел нов тим или барем 5-6 нови играчи кои ќе бидат далеку подобри од сегашните.
Во овој состав ние преку сила ако имаме 5 играчи што некако може да одговорат на предизвиците во ЛШ.
Освен Хорига, Малус, Валах и ајде некако Мечка и Борозан(ако ја врати формата), останатите не можат ни да припарат во таква конкуренција.
Може и Тузолана како второ лево крило да помине, на сите други позиции ни требаат подобри играчи.
Десните бекови не се ни за коментирање, овие двајца во домашно првенство не можат да покријат, да не зборам за нешто повеќе.
Десните крила исто, за Ќосевски важи тоа што и за Митровиќ и Марчинијак.
Гоце моментално за наша лига брка работа, голем дел од играта покрива со искуство, ама за посериозни натпревари е стар веќе.
Тој Воркапиќ што потпиша не е нешто подобар од Џомба, тука некаде е како него, само помлад.
Среден бек ќе треба сигурно уште еден кој ќе биде барем на ниво како Малус, плус и уште еден пикер да ротира со Лазаревски.
Боно прашање колку може поради физичките предиспозиции да ја пренесе таа негова игра против појјаки противници, Кавада и Танкоски во кош со Ќосевски, Митровиќ и Марчинијак, тука комотно може и Марио Стојановски да го ставиме.
Така да, малку да намалиме со хајпот, треба и медиумите да престанат беспотребно да ја преувеличуваат работата, такви лажни најави како таа за Душебаев ни се само на наша штета, нема потреба кај луѓето да се гради слика дека пак ќе атакуваме кон врвот на Европа кога реалноста е сосема друга.
Може ќе имаме нешто зголемен буџет, што секако е одлично, ама треба да бидеме свесни дека сме далеку од времето на Самсоненко кога носевме светска класа играчи.