Ако е вистина ќе биде супер, класа играч е Микита, за мене лично еден од омилените ракометари, го следам уште од времето кога играа ЕХФ куп со Ска Минск пред скоро 10 години, главно во екипата беа млади домашни играчи родени 1995/96 (Каралек, Кулеш, Пачивалов, Гаудученко, Бокан, Салдатсенка...), истиот период кога во Металург беа Талески, Кузмановски, Велковски, Нелоски, Томовски...
Баш поради тоа ми беа интересни за гледање, си правев споредби помеѓу двете екипи и играчите, можам да кажам дека нашите тогаш беа малку понапред, беа подобро пласирани на младинското Светско првенство и играа Лига на шампиони, додека Белорусиве играа во ЕХФ куп што беше второ натпреварување по квалитет, ако гледаме од денешна перспректива нивните направија далеку подобри кариери...
Евентуален трансфер на Ваилупов би бил во рангот како оној на Јака Малус, засилување за Лига на шампиони и ниво над останатите трансфери после Самс ерата.
Очигледно се движиме во добра насока.