Фан клуб - РК Вардар

Не се вика Владимир, туку Живан.
Овој трансфер со оглед на тоа што си замина Коиј е ко да си паднал од коњ на магаре. Губиме перспективен играч, за играч чија кариера константно оди во надолна линија.
Може ќе се покаже добро, ама ако стварно имаме поголем буџет како што се зборува, трансферов е уште едно во низата разочарувања. Освен ако не е планиран за трет пикер :D
 
Владимир Пешиќ од Охрид според гол.мк се очекува да биде прво ОФИЦИЈАЛНО засилување за следна сезона, според мене топ избор, еден од најдобрите играчи во лигата, се најавува како замена за Коиј, со мечка одличен тандем ќе бидат и во напад и во одбрана. Оваа вест добива на сила поради фактот што Охрид носи грчки пикер од Олимпиакос.
Владимир Пешиќ нема ракометар, да не мислиш на Живан Пешиќ. Погрешно те информирале од раководството а може и толку знаат:facepalm:
 
Моја грешка :D за Живан Пешиќ мислам, променив сега да нема забуни
Автоматски споено мислење:

Не се вика Владимир, туку Живан.
Овој трансфер со оглед на тоа што си замина Коиј е ко да си паднал од коњ на магаре. Губиме перспективен играч, за играч чија кариера константно оди во надолна линија.
Може ќе се покаже добро, ама ако стварно имаме поголем буџет како што се зборува, трансферов е уште едно во низата разочарувања. Освен ако не е планиран за трет пикер :D
Можеби како во минатото ќе гледаме да ги ослабнеме конкурентите :D Шала на страна ќе видиме, секако дека според известувањата за поголем буџет ова е ништо, ќе видиме во која насока ќе се движат трансферите.
 
Последно уредено:
Го почитувам Михајло и се што направи и прави за Вардар – тој е вистински Вардарец и Комита, наш човек до крај!

Свесни сме дека можеби нема финансиска поддршка како што ја имаат Пелистер и Алкалоид со нивните фармацевтски спонзори. Но, доведувањето играчи кои се веќе минато, кои не се Македонци, ниту пак на ниво на легенди како Кањелас и Штербик, е чекор назад. Стариот модел со играчи во залез не носи успех. Третиот пивот треба да биде млад, талентиран играч – Македонец или странец – исто како што го откривме Мораеш.

Вардар секогаш бил симбол на борба и страст, но мора да се размислува стратешки!

Подобро е да вложуваме во млади таленти, Македонци или странци, кои ќе напредуваат и ќе му донесат иднина на клубот.Тоа е вистинскиот пат напред! Наместо да се вратиме 10 години назад, време е да градиме нов Вардар, со срце, план и вистински борци на терен!
 
мислам имат договор уште 1 год со вардар ,иначе охрид го бараше ,сакаа да се куртулат од стружанецот ама ништо......јас пишав во претходните постови дека требаше некој од конкурентите да дојдит во охрид ама тука некои се потсмевааа,само намерно го изоставив името.
 
Да, има договор до јуни 2026, ќе видиме...
 
Да, има договор до јуни 2026, ќе видиме...
охрид требаше да го мафнит стружанецот и да го откупит од вардар и заедно со него да внесат еден од младинските селекции ,аи едното лево крило шо не добиваше шанса најверојатно ја завршвит кариерата
 
Кој и да понуди, се зависи од Вардар, какви планови има со Срдановиќ со оглед на тоа што ако не се лажам на Родригез му истекува договор, не ми се верува дека би се откажале од Срдановиќ без разлика какви играчи би носеле на лево крило доколку се откажат од некој од сегашниве. Мада во минатото сме биле сведоци како Вардар испаѓал коректен и ги пуштал без обештетување некои играчи, се зависи од управата.
 
Ништо посебно, ја би го задржал Родригез и би го пуштил Срданович, според мене Родригез е по универзален играч подобар во контра и има повеќе потенцијал од Срданович, по мене Родригез има уште голем простор за напредок за разлика од Срданович кој го има достигнато максимумот, мое мислење…
 
Моја грешка :D за Живан Пешиќ мислам, променив сега да нема забуни
Автоматски споено мислење:

Можеби како во минатото ќе гледаме да ги ослабнеме конкурентите :D Шала на страна ќе видиме, секако дека според известувањата за поголем буџет ова е ништо, ќе видиме во која насока ќе се движат трансферите.

Баш ќе ги ослабнеме, во борба за трето место…
 
Живан Пешиќ? Овој е олд скул пикер, веќе во години, кој е планот со него стварно не ми е јасно. Краткотрајно решение, кое не може да понуди брзина. Да, ќе закрпи некоја рупа моментално ама не е тоа што нас ни треба. Он ти е нешо типа као Жарета Пешевског.
Автоматски споено мислење:

Како сме тргнале со Мацуока, Пешиќ ( нормално ако е се вистина) ни останува уште Јотиќ и Ојлевски да ги вратиме и да се бориме за трето место.
 
+ Тите Каланадзе
 
„Искусни пивотмен је одлучио да промени клуб, али не и земљу, па је тако потписао двогодишњи уговор са Вардаром.“

Пешић ће у Вардару имати праву малу колонију Срба, пошто ће му друштво правити Младен Крсманчић, Стефан Петрић и Матија Николић.“

Пешиќ го потврдија и тоа со детали за договор, а Срдановиќ не го спомнуваат, ваљда е на пат за Војводина.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom