Fun fact. За форумов дознав некаде мај/јуни 2011та кога испаѓавме фудбал од прва лига тогаш. Обидувајќи се да најдам што е можно повеќе информации за што се случува околу клубот, затоа што имаше премногу шпекулации низ градов, налетав на темата за ФК Вардар и почнав да ја следам секојдневно. Од се што тогаш се пишуваше на темата денес памтам само дека
@Kire Ultras имаше некоја 100% проверена информација дека Хари и Брацо договориле останување на Вардар во прва лига и Брацо спремал шампионски тим за наредната сезона.

Се сеќавам кога го објавија официјалниот состав на прва лига за наредната година од ФФМ, без Вардар, му се нафрлија сите што пишуваа тогаш во темата да го напаѓаат исто ко сега. Баш знам дека и јас си викав, глеј го бе овој што се изнапиша минативе денови, па дури и им се смееше на тие што ќе објавеа нешто различно ако добро се сеќавам.

Е сега, не договорија Хари и Брацо останување во прва лига тогаш можда, ама на друг начин битно се издигнаа и ФК и РК до најголемите успеси во своја историја. Така да Кире, ич да не ти е гајле што другиве ти зборат, мене ми ги врати спомените со муабетиве и се надевам дека и овој пат си предвесник за ново издигнување на Вардар, без разлика и да испадне пак на скроз различен начин од тоа што го пишуваш ти во темиве.