Не треба и нема потреба да се „скокаат скалила“. Се направи добра работа што се задржаа дел од домашните играчи кои беа носители сезонава, се задржаа дел од странските играчи кои беа носители и за тоа треба на клубот да му се подаде рака. Уште подобро ќе беше да се задржи Томовски, но претпоставувам дека во тој случај било направено се што било во рамките на можностите на клубот, така да тоа е тоа.
Украинецот, по сите параметри е
upgrade во трансфер политиката на клубот во споредба со претходната сезона. Стандарден репрезентативец е, има сериозно клупско искуство, играл ЛШ, Европска Лига, СЕХА, Шпанија, па дури и настапувал во една Француска лига што знаеме каква е по квалитет, и тоа во Аикс.
Колку за потсетување минатата година го донесовме еден
Хансер Родригез кој речиси и да не постоеше на мапата на сериозниот ракомет.
Срдановиќ оние кои малце повеќе пратат ракомет или па се инволвирани во истиот го знаеа и знаеа дека е квалитетен, но неговата цела играчка кариера до тој момент ја имаше пројдено во Металопластика и една кратка авантура во Леотар од Требиње (БиХ). Повеќете овде и на социјалните мрежи ја жалеа загубата на Деки во тие моменти.
Матија Николиќ - Црвена Ѕвезда и Шкофја Лока (Словенија). Ајде, словенечката лига од секогаш апсорбирала и произведувала квалитет, меѓутоа да не се лажеме дека неговото CV да го видеше некој до тој момент ќе речеше „ајде да го земеме“.
Петриќ - Партизан и младинска репка на Србија. Потенцијал, но далеку од „сигурица“.
Да не зборувам за
Бакар, Гојковиќ и
Гарсија шпанскион десен бек кој последните 6-7 години од својата кариера ги имаше пројдено на Косово.
Единствен малце посериозен (на папир) трансфер беше
Јасухира кој дојде како позајмен играч од Висла, а претходно имаше играно за француски Ним, меѓутоа и он беше далеку од етаблиран играч. Сите други трансфери беа „мачка у вреќа“.