Денеска утакмицава е да се биде или не

Огромни проблеми имаме и тоа на највиталните позиции.
Без Душебаев и Растворцев, со приповредени Фичо, Прибак и Карачиќ ќе биде ѓаволски тешко да дојдеме до прата победа дома. Сеуште немаме победа на наш терен

Ќе се молиме во Дибиров, не гледам друго чаре.
Динамо на првиот меч не ми изгледаа којзнае колку страшно и да бевме комплетни бев сигурен дека че ги утепаме. Ама вака

Плус се засилиле во меѓувреме на бековска позиција...
Пак ќе кажам фатална грешка е што не донесовме засилување на бековска позиција зимава.
Кога ги гледав Металург вчера скоро сигурен станувам дека годинава нема теорија да земеме титула. Миркуловски е во фантастична форма, а и си имаат бекови кои решетаат од кај стигнат. Мислам дека лани бев поубеден во титулата, него ли годинава

Не смееше да се остави ваква ситуацијата, особено што повредите на Растворцев, Лазаров и Душебаев се случија поодамна и имаше време да се решат со нови засилувања.
Без разлика на тренерот, тим без бекови не е прав тим.
Они имаат три бека од светски квалитет, Миркуловски, Вугринец и Атман (наша среќа што Мојсо е аут), значи не играчи во најава како Карачиќ и Душебаев туку веќе изградени играчи.
Ние сме подобри на внатрешна линија, но се тоа би било напразно кога немаме ЕДЕН играч што знае да шутне од далеку. Не знам што е со Прибак, човекот заборавил што значи да се даде гол од 9 метра. Не знам зошто не шутира повеќе

Не е исто да ги имаш здрави играчите и постојано да ти бидат повредени. Они ја имаа таа несреќа лани со константни повреди, ние ја имаме годинава.
Тоа што го земаа Атман им беше најдобар потег, и уште жаламн како можевме да дозволиме да го земат пред нас.
За Растворцев јадев бурек, ама без него во одбрана сме нула. Козлина е само смејурија жива во споредба со него.
Преопасна им е надворешната линија и мислам дека во моментов со овој фонд на играчи ќе не растурат.
Како бе бековската линија ни е горе-доле изедначена



Прво и основно ние НЕМАМЕ ЛЕВ БЕК за во напад. И оној Хрватон што го донесоа е подобра напаѓачка опција од нашите леви бекови.
Значи немаме кој да шутне од лева страна. Освен ако Абутовиќ преку ноќ не научи да игра во напад.
Од пикер сезонава не се изнаигравме којзнае колку (освен Чипурин кој сам ја сврте со ПСЖ, друга опиплива игра од пикер сме немале). Кога Тоскиќ ни е прва опција за пикер, сфаќаме колку е саатот.
Столе не се снаоѓа во нашата концепција на игра. Прави простор за удар, но нема кој да шутне.
Карачиќ е бек во најава, па тешко нас ако очекуваме од него да не донесе до титула.
КРИЛАТА НЕ МОЖАТ ДА ГО РЕШАТ МЕЧОТ, БЕКОВИТЕ МОЖАТ.
Па и нивната внатрешна линија не е толку наивна. Може нашата е класа подобра, но ништо од тоа нема да видиме ако немаме расположени бекови.
Да не збориме каква разлика има на голманска позиција

Душебав против таков тип на екипи не се снаоѓа баш. Катастрофа беше на сите мечеви со Металург. Повеќе придонес имаше Вукашин Рајковиќ во дуелите со Металург отколку Алекс. Не му одговараат на него такви екипи, со високи одбранбени играчи што го кинат уште пред да фати залет.
Да се надеваме дека Лино ќе им ја посере сезоната како лани и ќе им се повредат пола играчи, иначе може да ја сонуваме тиулата.
Поубеден бев пред 2 сезони дека ќе освоиме, отколку годинава

Ајде првиот меч годинава што го одигравме срање и против нивниот втор тим одвај извадивме бод, вториот меч бевме брилијантни, за во третиот да доживееме фијаско и да сфатиме колку е важна улогата на голманот. Највеќе ме уплаши четвртиот меч во СЕХА лига кога буквално не растртеа...
Ние ништо не сменивме од тогаш, они го донесоа и Циндриќ како засилување. Плус ќе кажам Миркуловски е во страшна форма, сам да игр ќе не победи.
Ајде кога веќе се потсмири ситуацијата да се навратам на нешто што го говорев наназад.
По поразот од СЕХА во четвртиот меч во Борис се кладев со
@RedBlack дека годинва нема да ја освоиме титулата, воглавно заради горе наведените причини.
За жал испаднав во право.
БЕЗ БЕКОВИ ПРВЕНСТВО НЕ СЕ ДОБИВА!
Металург пазареа доста паметно, вистина имаа и некои лоши засилувања, ама постојано земаа бекови поучени од тоа што им се случи лани - кратката клупа. Ние дозволивме да ја доживееме истата нивна ланска судбина, но разликата е што ние БЕВМЕ СВЕСНИ ДЕКА НЕМАМЕ ИГРАЧИ ЗА РОТАЦИЈА откако уште пред преодниот рок истите ни се повредија, а нив им се повредија во текот на сезоната.
Мораше да испазариме многу подобро по крајот на полусезоната.
Јасно како ден беше дека без Растворцев сме камења во одбрана. Козлина на моменти добро одговараше на задачата, на моменти не. Но што направивме ние, едноставно оставивме на случајноста да решава.
Ги вративме Терзиќ и Кукоски со која цел?
Кукоски го земавме приповреден, не знам до каде е со лечењето, но ако беше здрав, Кукоски е најдобар дефанзивец во составот.
Го земавме Мите Стоилов, уште еден дефанзивен играч кој не добива шанса.
Да го вратевме Драгаш да им го каже вицот најдобро ќе беше.
Особено проблем се јави со повредата на Петриќ.
Многумина се смееа тогаш кога некои викавме дека ова може да биде пресудно (не на форумов, општо што сум правел муабет), пошто Алекс бил ѕверот.
Да Душаебаев во моментов е добар играч, но детето ВРСКА НЕМА од играње во одбрана.
Петриќ е ѕвер во одбрана, а и ќе имавме ротација плус во напад, со оглед на то што Алекс играше по 60 минути секој втор ден и логично беше што Лино токму над него ја постави одбраната и буквално не отпиша денеска.
Мораше Раул да има резервен план денес, па човече сите знаевме дека денес одбраната нивна ќе биде фокусирана над Душебаев.
Терзиќ не ги задоволи очекувањата, тогаш зошто го вратија од позајмица, наместо да КУПАТ нов играч. Не може да немало играчи, шутер ќе најдеш одма колку да закрпи ситуација. Доволно беше да се земе некој колку да закрпи до крај на сезона.
Медиумите веројатно контролирани од Металург или од недоволното познавање на ракометот константно го вртеа притисокот на наша страна, преставувајќи го Вардар како ултра скап проект кој не смее да си дозволи да изгуби.
Какви играчи купи Вардар годинава? Дибиров, Малумбрес, Чипурин, Тоскиќ, Душебаев, Брумен, Диви, Терзиќ, Растворцев и Стоилов. Атман е страшен играч со кој се зсили Металург, го добија Ојлески кој им заврши доста работа, а земаа и еден куп бекови како и Мијатовиќ на голот.
Врти сучи и двете екипи исто се засилија со разлика на тоа што Металург веќе неколку години имаше изграден костур на екипата.
Кој е тој наш дрим тим? Освен Дибиров кој реално имаше некои изградено име, Душебаев како бек во најава, другово е веч видено на Македонската ракометна сцена, апсолутно НИШТО СПЕКТАКУЛАРНО, што во минатото не можело да се донесе во државава.
И овој притисок сепак според мене не беше пресуден врз нас.
Прсудно беше што се надминавме себеси во ЛШ и оставивме НЕРЕАЛНА слика за квалитетот на тимот. Мечевите со Хамбург и Фленс беа 50% над вистинската сила на Вардар. Играчите понесени од сите фалби некако се занесоа и претераа со ветувањата за титулата. Тоа се виде во првиот меч во кој малце потценувачки влегоа.
И денес кога видоа дека маме ќе им се ебе ако изгубат, влегоа престрашени од самата помисла што ќе се случи ако загубат со оглед на тоа колку беа исфорсирани периодов?
Истотака поразот од Фленс беше болен. Поболен амин, сигурно им удри многу на психа.
Почна пеколен ритам на натпреварување за нас.
Ќе повторам ние играме со 4 напаѓачки бека веќе 15 меча по ред.
Епа мораше тоа да биде казнето некогаш, за жал во најлош момент.
Кај Металург проработе инаетот, она што ние го имавме во претходниве две сезони.
Проработе инаетот дека противниците ги потценуваат и осетија шанса дека сме и те како ранливи со краток ростер и едноставно не РАСТУРИЈА.
Муабетиве на Миркуловски се жива смеа, но и самиот ќе сфати дека згрешил кога ќе го осети нашиот инает во наредните сезони.
Сите играат за пари, ако нашите играат за Руските рубљи, они играат за парите РАДИ КОЕ СКОПЈЕ НЕМА ФИЛТЕР И СИТЕ УМИРАМЕ ОД ЗАГАДЕН ВОЗДУХ.
Неговата желба е да ги натера сите да го мразат Вардар, да придобијат фанови, за да можат утре кога ќе ги смачкаме да се правдаат дека они се Македонците и не треба да се радуваме.
Таквото враќање ми е секогаш најомилено, така ги смачкавме и Работнички во фудбал откако ги воздигнаа, така лани иако со 2 пати послаб ростер ги утепавме во ракомет, а така ќе биде и кога овој состав ќе изигра неколку години заедно и ќе проработе инаетот и кај нив.
Не ми треба некој да навива за Вардар затоа што играле Македонци во нив!
Многумина сега ќе го преиспитуваат влегувањето на Самс, божем да останевме во истиот состав од лани ќе освоевме. Момци ланската сезона еднаш се случува, да бевме во истиот состав сега немаше ни да играме меч за титула, пошто ќе загубевме во Струмица уште претходно, а и на домашен од нив. Не е секогаш играта од срце пресудна. И јас играм од срце, ама сум камен невиден. Срцето пресудува ако имаме израмнети квалитети...
Влегувањето на Самс ќе донесе доста придобивки за нас. Почетокот му беше тотална утка откако не го погоди вистинскиот тренер.
Раул е правиот човек според мене, но да му се донесат и Вујо и Доне во стручен штаб

Или Вујо да биде тренер на младинците место Пепи. Но, на Раул треба да му се остави време. Има еден куп грешки во последниве мечеви, очигледни од авион (ставањето на Малумбрес на гол кое не утепа денес од старт, не барањето тајм аут на послесдниот со Металург, играњето со Дибиров иако не му оди итн). Нека му остават простор да гради тим, и обавезно да се обнови проектот МРК Вардар. Има деца низ Македонијава, со правилна работа ќе се вратиме на вадењето играчи и ќе ги видам тогаш која причина ќе ја бараат за да се навива за нив.
Заборавив да ги споменам мечевите од ЛШ за кои велевте дека се наместени. Прво требаше во СЕХА да ни пуштат, па во првенство, на крај што ќе испадне. Во купот?
Едноставно изгубивме во вториот меч исто како и денес, дека психолошки сме слаби и кога губиме ГУБИМЕ...
Играњето во Кале или не, голема дилема? Игравме во Кале и низ годиниве па редовно не мелеа, знаете ли дека 3-4 години немавме триумф во Кале? Професионалци се они, и во Борис имаше 90% Вардарци, и во Автокоманда нашиве играа како дома пошто Комити цело време ги бодреа па пак ништо. Кале ја сакам како опција само за да бидеме поблиску до нив, да видиме дали ќе глуми копилено жолто. Од друга страна Борис е многу подобра опција за нас.
Не мора да освоиме титула за да биде успешна сезоната. Научивме многу работи годинава, сега останува да се одврзе ќесето уште повеќе и да се пополниме на некои позиции НО ДА СЕ ЗАДРЖИ КОСТУРОТ на тимот. Да не го менуваме Раул, да го обновиме МРК и нема каде сда бегаат од идна година.
Тогаш ќе бисдат во безизлезна ситуација како што бевме ние во годините кога они владееа а ние хокеарски менувавме постави. Ќе ги видам за кого ќе навиваат оние кои денес се најгласни.