Фан клуб - РК Вардар

А од кај знаеш дека ќе ја здувне некаде тој после 4-5 години ? Ко да е Металург некоја сиротиња,па да не може да задржи играч.
Титулата во мак. лига ќе им биде потребна само за престиж ако им се отвори можност за тоа.Главно ќе им биде играњето во ЛШ,а веројатно и редовни Ф4 во СЕХА која ќе добива се повеќе на значење.

Ние секако ќе треба да идеме на ремонти на секои 2-3 години така да ќе им се отвори и тука прилика.

Ако продолжи стабилното функционирање и на Вардар и на Металург како во последната година што е, домашната лига постепено ќе паѓа во втор план бидејќи и вете ќе имаат реално обезбедено или скоро обезбедена ЛШ. Фокусот и на едните и на другите ќе биде на ЛШ и евентуално на некоја идна сериозна СЕХА.[DOUBLEPOST=1393517420][/DOUBLEPOST]
Шелменко би ни дошол како кец на десетка ама за жал јас слушнав малце подруги вести. Наслушнав дека Металург веќе преговарае со него :cenzura:

Немам ништо слушнато ама ако ги поврзиш работите логично е... Не би ме изненадило. Атман би бил конекцијата....
 
Искрено, мене повеќе ме интересира дал можеме да го собереме Мачковшек.
 
Мачковшек е нешто што МОРА да се купи. Значи он треба да е приоритет број 1 од Динамо и да се донесе во Вардар. Самс не смее да дозволи да го испуштиме.
 
http://www.siol.net/sportal/rokomet/2014/02/novi_preobrat_v_minsku.aspx
Во ова интервју Борис Денич вика дека некои ракометари можно е да преминат во Македонија или Катар затоа што немало други опции. Мислам дека некој од играчите на Динамо ќе ги видиме во светиот дрес.
 
Мачковшек е нешто што МОРА да се купи. Значи он треба да е приоритет број 1 од Динамо и да се донесе во Вардар. Самс не смее да дозволи да го испуштиме.
Повеќе би го земал Бомбач отколку Мачковшек ...
 
Борут мора да се донесе. Нека го донесат него и презадоволен ќе бидам. Борут-Карачиќ-Душебаев :drk:
 
Десни бекови: Дујшеабаев мора да се задржи па макар и да не купиме нов играч, а на Петриќ исто така доста му е веќе, затоа го сакам волов Криштопанс, играат на иста позиција со Дујшебаев ама различни играчи се, првиов покажа дека може да игра и на центар, повеќе знае да ја разбие одбраната, нешто како Миркуловски, ама затоа па Криштофанс е волетина што може и кошаркар да биде, па сигурно тоа го прави и поцврст во одбрана, а и одличен шутер е редовно ги полни мрежите, мислам дека би бил повеќе од предобра замена за Петриќ..
И јас ептен сакам да дојде, каква линија би имале само со Горбок, Карачиќ и Кристопанс, плус крилата Дибиров и Брумен, уште класа голман и дирм тим би имале, а не е нешто толку невозможно...:) Кога веќе би се трошеле и повеќе пари би сакал и Ненадиќ да дојде...:)
 
Повеќе би го земал Бомбач отколку Мачковшек ...
Не зезај, Бомбач е послаб од Карачиќ. Дури и Прибак не е нешто многу послаб од него. Ни треба бек шутер за одбрана на титулата, а тоа дефинитивно е Борут. Плус, дечкото е млад и можеме да рачунаме на него за подолг временски период.
 
Абе каков Кристопанс не зафркавајте,во ЛШ со Кристопанс...
Какви десни бекови има,вие Кристопанс..
Ако вредеше тој толку немаше да дреми толку години во Татран,ќе го лапнеше некој сигурно...
Шелменко е сега најбараниот левак на светот,ако реагирате брзо ќе имате одлично засилување,класичен шутер,баш она шо најмногу ви фали...
 
Абе каков Кристопанс не зафркавајте,во ЛШ со Кристопанс...
Какви десни бекови има,вие Кристопанс..
Ако вредеше тој толку немаше да дреми толку години во Татран,ќе го лапнеше некој сигурно...
Шелменко е сега најбараниот левак на светот,ако реагирате брзо ќе имате одлично засилување,класичен шутер,баш она шо најмногу ви фали...

Млад е, одличен шутер, одлична градба, со него и со Дујшебаев би биле одлично покриени на десен бек, гледам кој реално би можел да дојде во Вардар, сега ако се палиме на насловине дека пола Барселона ќе ја купиме за следна сезона, тоа е друга работа :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom