Фан клуб - РК Вардар

Криштофанс се вратил кај Татран :unsure:
Им пикнал 9 гола на Ловќен.
Уште на полувреме воделе со 9 разлика Татран...
Претходно коло на Загреб им дал 7 гола.
Иначе во меѓувреме изгубиле од Колдинг во купот на ЕХФ со 37-17 :eek:
И после не бил јак купов на ЕХФ :eek:
И тогаш Криштофанс им бил најпрецизен со 4 гола.
Антл дал 3 гола со Ловќен, а Урбан истотака дал 9 како и Криштофанс.
Ќе биде претешко во Прешов :facepalm:
 
Нема шанси да изгубат од Нексе на домашен, освен со нас утакмицата другиве им се гола вода, што значи ќе имаат скор 5/5 ако не тепаат.
Ако изгубиме од Татран имаме само една опција до крај, а тоа е да ги добиеме сите мечеви. Но гостуваме во Автокоманда што скоро сигурно ќе значи пораз...
Е тука веќе, останува само да се молиме Загреб да изгуби два меча. Има шанси да изгуби од Металург сред Загреб, и останува да се молиме Брест Мешков да го тепа Загреб сред Загреб или Нексе да се надминат себеси и да ги добијат во Нашице.
Со еден збор, изгубиме ли од Татран, прилично сме готови :icon_mrgr:
Ако го добиеме Металург во Автокоманда може да се случи они да не влезат во фајнл фор.
И они имаат незгоден распоред истотака.

Дефинитивно е премногу заплеткана ситуацијата. МОРА да победиме во Прешов, не знам што повеќе да кажам. Добро е што сега во одбрана ќе го имаме Драгаш, уште кога и Даскаловски би добил право за настап.
 
Ни одговара и нерешено :D
Абе како можевме дома да изгубиме бе ццццц, овие се апла домашна екипа, Рајн Некар едвај ги совладал со 33-34 во првото коло од купот на ЕХФ.
А сите знаеме кои се Рајн Некар :eek:
Криштофанс им дал 8 гола на Рајн Некар.
Иначе задутре играат со Запорожје на гости, се надевам ќе им се повреди некој на тој меч :pos:
Ах колку скапо може да не чинат промашувањата во Нашице со Нексе.
И играњето курташак во Ловќен, кога не ситрчавме со прв тим со оправдание дека не била важна таа утакмица :facepalm:
 
а што се случува со Даскаловски, има ли дозвола за настап?
 
а што се случува со Даскаловски, има ли дозвола за настап?
Ловќен побарале поголема оштета а нашиве не се согласуваат да ја платат. Пошто му доцнат со плати се чека ваљда од ЕХФ да му го раскине договорот...
 
Златко, од кога тренираш ракомет?
З.Д.: -Ракомет тренирам од мојата 12-та година во ракометниот клуб Струга

Еден среќен и еден лош момент кои највеќе ги паметиш поврзани со ракометот?
З.Д.: -Имало многу добри и лоши момнти во мојата кариера. Како еден убав момент ќе го издвојам освојувањето на двојната (не дуплата
smiley-smile.gif
) круна со РК Вардар ПРО а како лош момнет морам да го споменам поразот од Gummersbach во полуфиналето на куп на купови.


Следни амбиции со РК Вардар ПРО се кои?З.Д.: -Амбициите со Вардар ПРО се однесуваат на освојување на шампионската титула на Македонија која е во прв план.

Како и каде Златко го користи своето слободно време?З.Д.: -Слободното време го поминувам со најблиските, со семејството и пријателите. Кога имам време сакам да погледнам добар филм или да прочитам некоја книга а може да ме сретнат и низ многу кафетерии и ресторани во градов ама најчесто сум околу центарот на Скопје

Која книга Златко ја чита во моментов?
З.Д.: -Secret од Rhonda Byrne (Self-help, Spiritual)
А каква музика обожува да слуша?
З.Д.: -Ja преферирам странската но ја закам исто така и македонската музика (Tyzee - Ljubov [Official Song] ²º¹³) виа YouTube :)

Би додал нешто што не сум те прашал во твоите 2 минути?З.Д.: -Комитите се најдобрите навивачи што јас сум ги сретнал. Тие навиваат со СРЦЕ и ДУША и кога победува и кога губи, секогаш се тука за поддршка на ВАРДАР
Ми значи што навивачите не ме заборавиле така лесно, им благодарам за поддршката и им порачувам дека ќе го оправдам нивното очекување и ќе профолжам со моите одлични настапи како и до сега.
Чувството што се враќам во Вардар во мене буди многу спомени и мило ми е што се враќам во Вардар и ќе го дадам својот максимум за овој клуб.

Би ја искористил оваа можност да ја искажам мојата желба да се заврши постапката со моето потпишување со клубот како би можел да бранам на натреварот со Татран во среда.


Интервју со Златко Даскаловски.
Се надеваме дека уште во среда ќе биде на голот.
 
На која дата игра Вардар на домашен терен наредна утакмица ?
На 10.03 со Нексе.
--- надополнето: 23 февруари 2013 во 18:59 ---
Татран тепаше во Запорожје денеска, победа од 27-32.
Инаку во СЕХА лигата Брест Мешков го совлада Нексе на домашен и скоро сигурно се промовира во учесник на фајнл форот.
 
RK Vardar · 9,847 like this.
43 minutes ago ·
До среда се очекува да бидат завшени бирократскитe процедури со документите на Златко Даскаловски и дека тој ќе биде на голот на RK Vardar на натпреварот против Handball Team Tatran Presov во натпреварот од 14-то коло на SEHA liga
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom