Фан клуб - РК Вардар

Жално е на какво ниво дојде македонскиот ракомет, рандом Срби лекција по ракомет одржаа на наши стандардни репрезентативци.
 
Жално е на какво ниво дојде македонскиот ракомет, рандом Срби лекција по ракомет одржаа на наши стандардни репрезентативци.
Не се замараа, немаат притисок. Да запнеа, ќе ги добиеа. Се дешвале вакви натпревари и во најдобрите денови. Во 2019, кога се зема втората титула, се изгуби од Нексе, Брест, Металург, Загреб. Ќе има вакви работи. Небитно е ова.
 
Баш пристоен меч изигра Аларов. Со исклучок на глупавана топка што му заврши во нозе.

Јас бев 100% сигурен дека ќе изгубиме денеска, само мислев дека разликата ќе биде помала. Се знаеше дека ќе бидат премотивирани, а дека ние ќе стартуваме со пристапот - "ако тргне, тргне".

Деки поеба уште од старт три топки, во две од нив стварно не сфаќам што се обидуваше да направи. Исти Пепи, физички талентиран ама умствено не баш.

На Мартин све што му шутнаа од осум, девет метри му влезе, промаја! Имам пишувано и претходно за истово, сериозна слабост му е уште од млади денови.

И за крај, каде ги наоѓаат судиите? И во Европа паѓа квалитетот судиски, ама ова СЕХА лигава со години влече некои третокласни двојки. Многу неквалитетно судење.
 
Последно уредено:
Не откажа голманчето нивно денес. Животна партија имаше дечкото.
 
А зошто не запнаа на сите провокации да одговореа со една победа онака ако сакале?
Немаа притисок пред мечот. Почнаа лагано. Се надеваа дека ќе ја превземат иницијативата кога тогаш зошто веруваа дека квалитетот е на нива страна. Ама добро бранеше нивниот голман, во второ им излегоа малку работите од контрола и ја баталија утакмицата. Да влегоа сериозно, ќе ги добиеа. Исто како со Прешов што изгубија на гости, па се уозбилија дома и немаа проблеми. Не сме на некое ниво, ама пак сме подобри од овие. Секогаш ќе имаш вакви натпревари, сме ги имале и порано. Не се индикативни за тоа што следи во домашното првенство според мене.
 
А зошто не запнаа на сите провокации да одговореа со една победа онака ако сакале?
Поготово на оние пароли нивни дебилни. Па стварно е срамота од еден никаков Партизан да загубиш.
 
Подот го избришаа со нас.
Уште некои мислат дека сме фаворити за титула? :D
Ne gledase nas vecerva?
Ti se kladam po sho sakas deka ke odbranite titula
Momentalno ne se znaj koj e poslab dali vie ili nie ama sepak dobivate...
Za podetalno okolu kladbata ako prifakjas obratimise vo PP :)
 
Место да имаме два тима што ќе газат во лига шампиони ние губиме од треторазредни екипи, и тоа два тима со навивачки групи позади нив, па да видеа во лига на шампиони што е дерби. Ама пуста судбина наша како да сме проколнати, никако да мрднеме напред.
 
Пелистер тонеше , ние сеир мававме најголем , Вардар почна да пропаѓа , они се ситеа максимално , менталург пропадна , сите на заебанција …………
Еве го резултатот на сето тоа …….
Која конкуренција и кои играчи ќе играа тука ако Вардар успееше да го задржи подолго проектот на Сергеј , какви играчи ќе носеше металург и кои имиња ќе играа во битола …..
А само помислете на : јаки металург, Вардар и еурофарм , војна ќе беше за место во Лига на шампиони , фул сали , топ навивање ……
Ама пусто македонско , да цркне кравата на комшијата
 
Не е страшен толку поразот, колку што беше лоша играта и тоа како ја имаше поставено Бутин целата тактика... Не можам да разберам зошто на Дутра му се дава толку мала минутажа, упорно во некои моменти од натпреварите го игра во напад Мишевски, а дечкото ни самиот не е свесен како станал ракометар, па уште и стигнал да игра во Вардар... Повеќе не боли поразот поради сите провокации кои ги имаше вчера, али во право време е, да се средат и да се спуштат на земја пред дербито.
 
Не можам да разберам зошто на Дутра му се дава толку мала минутажа, упорно во некои моменти од натпреварите го игра во напад Мишевски,
Ги гледа секој ден на тренинг. Најверојатно не е во форма Дутра, нели од повреда се враќа. Има некоја причина. Мора да се има во предвид дека човекот дојде од екипа од средниот дел на Шпанската лига која го пушти сред сезона. Михо му даде договор на 6 месеци. Така што, кој знае што корист ќе се има од него, дали воопшто некоја. Искрено, после поразов, не би ме изненадило Михајло да се ангажира да донесе уште еден ракометар. Работите изгледаат бајаги климаво и кај нас и кај битолчанине, па може да побара некоја дополнителна гаранција да не клизнеме гадно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom