Ne gledase nas vecerva?
Ti se kladam po sho sakas deka ke odbranite titula
Momentalno ne se znaj koj e poslab dali vie ili nie ama sepak dobivate...
Za podetalno okolu kladbata ako prifakjas obratimise vo PP
Секако губам кладба за фудбалот со еден од вашите членови, така што дотогаш ќе треба да избришам профил
Друже, како прво вие споредувате со натпревари кои ги играте во Европа, со доста посилни противници. Ние на гостувања губиме од Татран и Партизан по 5-6 разлика, среќа што со овој состав не играме во некое европско натпреварување. Најважно е дека вие имате 10-тина странци во екипа кои ви носат голема широчина во составот и во ниту еден случај не може ние да сме фаворити, особено што најјаките играчи ни се тотално вон натпреварувачка форма.
Секоја споредба со ланската година е излишна, затоа што и на хартија имавме подобар состав, ве залажа оној момент со победата во Скопје. Ние игравме топ и во ЛШ, во осмина финале му одигравме нерешено на Веспрем на нивен терен. Вие загубивте многу со заминувањето на цел тим, ама колку толку покривте со засилувања, ние не купивме ништо.
Лани:
Вардар
Голмани: Томовски, Борко, Гогов
Одбранбени бекови: Диало, Мишевски
Пикери: Тото, Валчак, Столе, Петров/Атанасовски
Леви крила: Дибиров, Чувара
Десни крила: Ѓукиќ, Георгиевски, Ќосевски
Леви бекови: Талевски, О.Њокас
Средни бекови: Карапале, Гаџа, Додиќ, Крстевски
Десни бекови: Моралес, К.Њокас
Пелистер
Голмани: Секељи, Кизиќ
Одбранбени бекови: Куковски
Пикери: Граџан, Маркоски
Леви крила: Ојлески, Маџовски
Десни крила: Божиќ Павлетиќ, Радовиќ (покрива и како бек), Костески
Леви бекови: Мандалиниќ, Обрадовиќ, Кукуловски
Средни бекови: Периќ, Табоада, Танкоски
Десни бекови: Мараш, Велковски
Вардар од овој состав губи 9 странци. ДЕВЕТ странски играчи. И тоа не било кој. Ја губи душата на тимот, Тимур Дибиров. Ги губи титаните во одбрана, Тото и Диало. Го губи еден од најперспективните средни бекови Додиќ. Гаџа кој пред претходната сезона ни беше најдобар среден бек, ама го измачија повредите. Њокасите кои знаеја да блеснат, но и да трошат топки, како и уште еден пикер за ротација во Валчак.
Вардар НОСИ САМО ДВАЈЦА СТРАНЦИ од кои едниот има 18 години (Добрковиќ). Другиот е Дута, а тоа сите знаеме во каква форма е донесен. Читај што пишувате за него во ваш фан клуб. Дечкото е повеќе тука за ротација.
Згора на тоа Моралес веќе е во години и влече повреди, а Ѓукиќ се повредува на период од 5 месеци и не знам дали воопшто треба да го броиме дека е се уште во тимот.
Другите засилувања се од екипи како Пролет и Струга. Најголемо засилување е Манасков, кој за жал, не е баш во формата во која го знаеме. Да, Манасков е класа за оваа лига, ама кога ти немаш бекови, џабе ти е кој и да ти игра на внатрешни позиции.
Друже, Диало го заменивме со Велко Маркоски, а ти велиш дека сме фаворити за титула.
Еве сликовито, како изгледаат составите за оваа година.
Вардар
Голмани: Томовски, Борко, Гогов
Одбранбени бекови: Мишевски, В.Маркоски
Пикери: Столе, Лазаревски, Аларов, Атанасовски
Леви крила: Манасков, Чувара
Десни крила: Георгиевски, Ѓукиќ, Ќосевски
Леви бекови: Тале, Дутра
Средни бекови: Карапале, Добрковиќ
Десни бекови: Моралес, Јагуриновски
Пелистер
Голмани: Лесјак, Кизиќ
Одбранбени бекови: Кукоски
Пикери: Василев, Пешевски
Леви крила: Ојлески, Кузмановски, Павле Атанасијевиќ
Десни крила: Радовиќ, Костески
Леви бекови: Кисум, Суси, Сери, Стевановиќ, Хененберг, Ѓорговски
Средни бекови: Танкоски, Дејвис, Петар Атанасијевиќ
Десни бекови: Хосни, Велковски
Кој е фаворит во ситуација кога вие имате 11 бекови, а ние имаме 6?
Еве кај вас Емилијан нема да го броиме дека е повреден, кај нас нема да го броиме Добрковиќ кој исто така е подолго време повреден.
Ситуацијата е 10 бекови на 5 бекови (ако го додадеме Мишевски дека би играл напад, 10 на 6). Меѓу нив, ние имаме повратник од повреда како Дутра, тотално вон форма. Го имаме Моралес кој се мачи со повреди. Значи ние се на се имаме само 3 здрави бекови.
Тале, Карапале и Јагуриновски. Друже, оваа бековска линија нема шанси да го издржи цело првенство во ист ритам. Мислиш ли дека треба да играме уште тешки утакмици како двете со Алкалоид, гостуваење кај втората ваша екипа, гостуваење во Кавадарци? Лесно ви е вас, две утакмици со втората екипа ви се одмор, против нас ќе влезат наострени до коска. Па и таа со Тиквеш е дискутабилна, колку ќе играат во полн погон против вас.
Не заебавајте, имате 10 странци во екипа, од кои повеќето бекови, најважните позиции. Тоа не се што годе странци, туку дел скандинавци, а дел искусни репрезентативци. Ние имаме 4 странци, од кои едно дете, едно крило, повреден бек и бек на 36 годишна возраст.
Ланска година тренер ни беше Дејвис Камара. Да те потсетам дека со Бутинот ви се спротивставуваме годинава?
Играчите од кои највеќе се плашите и ве решија лани, сега немаат 5 утакмици изиграно годинава заедно.
Столе повремено влегува во игра, додека Борко само еднаш бранеше годинава и топка не фати. Лани ве фативме и на квалитет и на мајд гејмс
Годинава треба чудо да се случи за да земеме титула. Вие ја утнавте работата со тренерот и типот на играчите, нема хемија меѓу нив, ама на хартија сте барем две класи посилни од нас, не само за меѓусебниот дуел, туку и за широчина на состав за да се истрпи цело првенство.
Нешто што не се споменува, а е голем пех за нас е и повредата на Лазаревски. Дечкото газеше во одбрана, а и во напад беше топ. Гледаш дека со Атанасовски играме како пикер. Па ако ви земеме титула со овој состав, треба катанец на салата да ставите и клубот да го згаснете.