Ја немам ништо против Тале, сме имале полоши играчи, и во репрезентација и во Вардар.
Но, кога имаш усмерено кон тебе критики од цела спортска јавност и не го оправдуваш тоа што се очекуваа од тебе, не се расфрлаш со зборови, интервјуа.. туку ќутиш и работиш, вака си нафрлаш на себе уште поголем притисок и омраза.
Факт е дека и наша јавност го пренапумпува некогаш потенцијалот на одреден играч, ја предвидува неговата кариера и е полна со пофалби се тоа неиздржано и пренапумпано.
Што после нормално следи огромно разочарување и критики од јавноста која се информира и следи спорт преку истите тие спортски квази новинари.
Тале е исто така е премногу "советуван" од блиски негови луѓе кои го тапкаат многу по рамо, а уствари не му праваат добро во неговата кариера.