Тоа е, Веспрем се класа поквалитетни од нас во моментов така што и не сум толку разочаран од поразот.
Позитивно е тоа што живнаа Гаџа и Јотиќ. Има надеж за нив.
Калараш во прво и Тумур во второ се изнапромашија зицери ама и Веспрем исто така (ќе тренираат шут на празен гол).
На лев бек Диско првиот меч со Загреб беше солиден, така што ако остане здрав (голем прашалник) и се дозира со минутажа можеби и ќе бидеме ок на лев бек. Лошо е што дели минути со Талески. За овој е толку зборувано што не ми се трошат зборови.
По природа не хејтам наши ракометари и сакам да добиваат прилика (пример Манасков денес не искина

) ама овој нема никаков ефект во напад. Без желба за влез и шут, единствено што прави е скок и пас, или шут под блок (не знам дали некогаш има така погодено). Значи во напад сме со играч помалку кога игра тој.
На десен бек е далеку поголема маката. Вујин даде 3 гола ама не е таа игра што треба. Јебеш бек што нема скок шут за да навлече 2-ца ракометари од одбрана и да отвори простор за крило или пивот.
Јас искрено не верувам дека ќе видиме нешто од Вујин, но еве слодобно нека ме демантира.
Векиќ и Јагуриноски не ги коментирам. Оставам простор да изненадат ама ...
Торко (овај Борко) е тоа што е цела кариера, неконстантен. Ќе скине зицер и во следен напад ќе прими пацерски гол. Со оглед на тоа што сезонава сме колку пари толку музика, апсолутно сум да им се дава поголема минутажа на Кизиќ и Кантегрел.
И на крајот Стевчо.
Има благо подобрување во играта во споредба со турнирот во Струга ама да не се лажеме, типот нема ниту авторитет ниту толкавo знаење (и да, не го споредувам со Раул и Парондо, не сум толку луд).
Исто така ми делува дека од старт нема хемија помеѓу него и кланот староседелци, така што колку побрзо се разделат толку подобро за клубот.