Фан клуб - РК Вардар

Игор имаше и некои приватни проблеми, тој период го гледав во Рустикана од нигде никаде ќе се препотеше и трепереше. Најискрено ен знам што беше, негова работа ама сигурно овде се работи за нешто различно од третманот на Раул.
Може и тоа да е,не викам не
 
Во Кил им ги скратиле платите на сите за 50%. Штета што овие работи не се случија малку порано, да може Вардар да капитализира и да донесе некои поголеми имиња. Ама па, прашање и што ќе се случи со новата сезона, некако се поголем скептик сум дека ќе се изигра ко што треба.
 
Алушовски реши со првиот тим да тренираа Мартин Карапалевски, Давид Гашоски и Давид Савревски. Другите ќе бидат отстапени во тимот на Работнички каде тренер ќе биде Стојан Петрушевски.
Таму уште ќе играат: Стефан Атанасовски, Ален Ќосевски, Васил Гогов, Стефан Крстевски и Давид Савревски. Младиот Савревски ќе тренира со првиот тим на Вардар, а ќе настапува за Работнички.


Во сезоната 2020/2021 тимот на Вардар 1961 ќе го сочинуваат:

ГОЛМАНИ
Борко Ристовски
Робин Кантагрел
Марко Кизиќ

ПИВОТМЕНИ
Стојанче Стоилов
Глеб Калараш
Давид Гашоски
Патрик Валчак

КРИЛА
Димитар Димитриоски
Тимур Дибиров
Гоце Георгиевски
Иван Чупиќ

БЕКОВИ
Мартин Карапалевски
Кристијан Дисингер
Филип Талески
Анте Гаџа
Томислав Јагуриновски
Марко Вујин
Јосип Векиќ
Давид Савревски
Ловро Јотиќ
Марко Мишевски

 
Бетсити официјален спонзор на ФК Ростов...
Неможам да сватам,како се деси човеков да замине од Македонија...
 
Значи од утре ( Струшки турнир) за првпат ќе имаме можност да го видиме на дело подновениот состав. Директни преноси ќе има на МРТ 3 ( мислам два директни преноси на ден) и плус ќе имало стримови од секој натпревар.
 
Многу среќа на Вардар во новата сезона, е сега ова е само мое размислување, се си мислам дека требаше уште едно искусно лево крило, па не белким ќе му ја вадат пак душата на Дибиров по скоро 60 минути, има 37 години, дај Боже да игра пак на највисоко ниво, а за Димитриоски не сум сигурен, не добиваше голема минутажа ниту во СЕХА..Како и да е со среќа и на Алушовски! (y)
117538383_10159707622130348_7698225407099253823_o.jpg
 
Полните трибини секогаш беа главен адут на Вардар кога играше дома. Сега без публика, можно е Вардар да губи драгоцени бодови на домашен терен.
 
Тешко ќе ни биде без публика, сите знаат дека публиката е нашиот 8-ми играч.
 
Значи од утре ( Струшки турнир) за првпат ќе имаме можност да го видиме на дело подновениот состав. Директни преноси ќе има на МРТ 3 ( мислам два директни преноси на ден) и плус ќе имало стримови од секој натпревар.
Кога игра Вардар,друже?
 
Вардар игра утре (четврток) против Охрид од 21:15.

117647708_2981971771932614_5535098950713032592_o.jpg
 
На инстаграм клубот има ставено стори од новиот дрес, ист е ко стариот. Спонзори стојат, ватростална, комерцијална банка, и T-home.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom