Фан клуб - РК Вардар

Џамбо уште е Џамбо. Се појавува во некој рап спот - https://www.youtube.com/watch?v=yhN27yPANPc
zdRULcF.jpg
Добар си беше Џамбо! Да немаше психички проблем уште ќе бранеше за Вардар!
 
Какви само "откачалки" седат на трибини... :pos: :D
Секоја утакмица има по некој бисер. Вчера се спукаа заради тоа што некој постар човек го опцу судијата. Демек мали деца имало и не смеел да пцуе стариот. Не сме ние како нација за да гледа нешто на трибини. Седи дома пиј пивце и гали си го папагалот.
 
Вчера Кокшаров комплетно се изгуби. После оној настап на Кизиќ во ЛШ кога за 5 мин. имаше повеќе одбрани од другиве двајца, да не му дадеш бар едно полувреме со факинг Војводина е ужас невиден. Војводина беше фантастична можност да се излезе со комплетно млад тим, да им се даде цел натпревар да одиграаат. Вчерашната ситуација со ростерот дозволуваше Кукуловски, Карапалевски, Кизиќ, Ќосевски и останатите млади да одиграат и 60.минута па макар и изгубиле. Ден пред тоа игравме натпревар во ЛШ, каде што се исцрпија стандардниве, а ден после тоа Дибиров игра лев а Чупиќ десен бек :tapp:.
 
Абе, Кокшаров може се позиционира за главен тренер, па си вика, лошо ќе биде да изгубам од Војводина, макар и во ваков натпревар. Војводина годинава е појака од претходни.

Мене не ми се допаѓа кај Кокшаров тоа што збореше за Писонеро. Не била таа-таа играата на Вардар, го немал тој шмек. Превзема он, го попи 9 разлика. После натпреварот - не ми е јасно што се деси. Сеа - имаме многу нови играчи, треба време, ќе се вратат повредените, друго ќе биде после, најбитното од февруари почнува.

Па, како овие аргументи не важеа за Писонеро? Дури и во тоа интервјуто за брзцентар викаше - "на Писонеро му било понудено да биде помошник или да си оди. Он прифатил да биде помошник. Но, мене искрено не ми е јасно како ќе функционира тоа." Па на овој Писонеро во тоа шпанското интервју му го спомнуваат интервјуто на Кокшаров во брзцентар. Го набедија човеков (Писонеро) ко некој неспособен да е. А го доби Монпеље во гости, кој игра баш добро сезонава. Безвезе го изиграа по една катастрофална утакмица.
 
Немаат доблест да го вратат Писонеро, не сакаат да го погазат тоа што го ставија помошник иако во моментот тоа најдобра одлука.
Жално за човекот, го донесоа од Шпанија со се фамилија овде за да после 5 утакмици му ја удрат клоцата.
Најмалку е вината кај него ама ајде тоа е 100 пати дискутирано.
 
Се гледа по тоа што им кажува на тајмаутите колку го бива Кокшаров

Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk
 

Боље ќе биде да биде комплетно спремен а не да се ризикува прерано. Ќе видиме.
 
Има некои повредени пред некој ден имаше во медиумите ама ништо позначајно..
 
Со која тактика да му се спротиставиме на Киелце? Како со сегашниве голмани кои не можат да дојдат до бројка од 7 одбрани на утакмица да му се спротиставиме на нападот на Киелце? Ќе се крстиме пак у Кизиќ изглеа :D. Ќе биде пеколно тешко да го добиеме Киелце во овој момент. Треба перфектен натпревар од цела наша екипа, без осцилации.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom