Фан клуб - РК Вардар

Инаку на тој форумот на Веспрем, исто беше спомнато дека на 7 играчи од Веспрем им истекуваат договорите оваа сезона. Еден од нив е Штербик, кој најверојатно ќе оди во пензија.
Автоматски споено мислење:

како е ситуација со Толедо?
Не е на штаки тој повеќе, си оди нормално. Пак ќе кажам обично 3 месеци е тој процес. Лани Мораеш се оперираше во Ноември од истиот проблем во Февруари, играше. Исто и Борозан, али он имаше нешто проблеми, не беше 100%. Така што, Толедо во Ноември, ќе прави 3 месеци, може ќе заигра тогаш нешто ситно.
 
Последно уредено:
Дури ги имаат во тим ликови како Гајиќ,Ненадиќ, лузери ко Лекаи и Toнесен на десен бек не ни очекувајте нешто од нив толку е лошо балансиран овој тим то е неверојатно само трупаат играчи без врска а и ко шо можам да приметам не го дупат Дејвис ни 5%.
Башка се виде дека е попара од клуб уште Палмарсон коа си зеде куферите и нејкеше да играт за нив
Вардар фаворит според букмејкериве против Кил интерсно
 
Нека го замаваат Билик, па и да го повредат така да го скокне ЕП, па Австрија да биде аутсајдер број еден во групата наша. А Кил не е оној јак Кил како порано. Солидна екипа се, ама не нешто посебно. Последен пат беа јаки кога играа Ф4 и го елиминираа Металург. Може Вардар со гол-два да ги победи!
 
На толку хамбургери, и тоа е чудо :D
Муабетов важеше до 2015, сега не прави ништо што не му е дозволено :) Знам дека е тешко да се верува ама тоа е. Сепак ни Лојаница не го оставаше да падне под 100 кила. Јас по себе гледам дека на 28 години не се опоравувам после полумаратон или понапорно пливање како што се опоравував на 18, камоли кога ќе имам 32-3.
 
Што мислите за изјавата на Дибиров на пресот ?!
Претпоставувам дека ќе има лавина на реакции после евентуален неуспех утре.
Мене ми се свиѓа што има толкава верба во себе и во тимот за да искочи со така фраерска изјава.
Иако до сега никогаш бар ја не сум прочитал некој наш играч толку самоуверено да излезе на прес пред натпревар, посебно не против ваков противник.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom