Фан клуб - РК Вардар

Калараш и Киселев 5мин слава доживуваат .
Секоја чест момциии бравооо :bravobe:
 
За некои 3-40 години, кога ќе живееме во кој знае која држава, ќе се фалиме на внуците дека во наше време Вардар од некоја си Македонија бил два пати првак на Европа (плус Кометал нели), нешто како нашите старци што зборат за Југославија. :D

Честито нека е, искрено ниту малку не очекував да земат титула со ваква екипа. Секоја чест за сите до еден, вистински борци, браво!
 
МАШИНИ !!!!
b537508bd54d116994e3411c16212671.jpg


Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 
Не го разбирам ракометот како спорт, пратам само првенства кога игра Македонија и тука-таму некоја битна утакмица на Вардар.

Покрај утакмицата која беше врвна и играта на Вардар јас мора да го изразам моето воодушевување од коментаторите, особено од едниот, оној што практично го водеше мечот.

Ќе ја тргнам на страна стручноста на оние кои се компетентни да дадат оценка за тоа, јас ќе ја споменам страста и почитта што ја покажаа. Страст прво за спортот, понатаму за Балканот и пред се за Македонија.

Секоја им чест искрено, ме наежија до даска :cuc::cuc:
 
Владо Недановски втор пат е европски шампион. Што направи ти у животот ?!
Морална подршка, плус замена за Дибиров (за недајбоже), пред 1 недела бавчите ги прскаше во Преспа, денес по втор пат европски шампион, БУТИН МАЈСТОРЕ !
 
Оној Охриѓанецон не го иматe изглеа слушано да видите шо е коментатор :D

Браво за Вардар, и за овој тим, и мило ми е за Карачич вистинска легенда на клубот, го заслужи сето ова на неговото заминување
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom