Фан клуб - РК Вардар

KMXSRlM.jpg
Izgleda komentarot na Tom O Brannagain e izbrishan na postot na Dissinger.
 
Абе аман кога ќе пишат "останува да се договори само платата" као ситница да е, а се работи за главниот услов. Го прават како да ќе се договараат каква боја завеси ќе му стават во станот.
 
Најверојатно готово е ова. Чим преговарале пред повеќе од две недели, сега го донеле тука. Моја претпоставка е дека ќе потпише, ако више не потпишал. Иако на еден германски сајт пишуваше дека и Целје, Лајпциг и Киелце покажале интерес. Ама чим е во Скопје, 90% ќе го промовираат утре, задутре. Само мислам дека нема право на настап со Киелце.

Секој случај, во една статија пишуваше дека имал две операции на колената пред да потпише со Кил. Знам дека Блаженко Лацковиќ отиде во Кил да му биде замена во краток рок на Дисингер. Зошто овој пак си го имаше повредено коленото, нешто посериозно. Не знам дали се оперираше пак. Сепак, ние имаме еден лев бек кој има сериозна повреда на коленот и е можеби во аут до крај на сезоната (Горбок), и друг лев бек, кој игра со повредено колено, и кој ќе има операција на истото за време на зимската пауза (Борозан), и сега, носиме нов лев бек со историја на повреди на колената. Не знам, мене малку ми е шубе ова. Прочитав и дека причината што го пуштаат да си оди е дека многу време бил повреден и веќе имаат други играчи на неговата позиција. Сеа, ова е ракомет, па, некои шанси за трансфери нема баш. Фаќаш што ти се пружи. Факт е дека ни фали играч на оваа позиција. Ама колку што видов Дисингер не дал гол оваа сезона за Кил во Бундес, не знам ни колку играл.

Најискрено јас бледо го памтам од што сум го гледал за Германија. Знам дека е висок и дека одбрана игра, не е само за напред.

Ај, да видиме што ќе се деси. Се надевам на најдобро.
 
Постарите членови на кајгана можеби се сеќаваат каква еуфорија завладеа на форумов пред пет години кога Михајло се обиде дс го донесе Дисингер. Штета што го зафатија повреди понатаму во кариерата, но сепак би бил одличен за ротација.
 
Да не го отепаа повредите Дисинџер ќе беше во елитната листа леви бекови во светот, страшно талентиран играч, движења, шут, преглед на игра, завидна техника, многу добар и во одбрана, идеална висина, но со стаклени нозе.
Сличен тек на кариера како Гребиј од Франција,можеби и бетер, таман ќе се врати на терен и нова повреда-долга пауза...
Доколку е здрав и го одминат повредите би бил повеќе од достојна замена за Вуко кој очигледно е дека нема сила за 60 минути, како и би имал, машина да си при такви дуели нема шанси да задржиш концентрација и ефикасност во текот на сите 60 минути, вака одморен, кога би ротирал со друг бек и неговиот процент на реализирани удари сигурно ќе е далеку подобар..
Истото важи и за Кисељев на другата страна, треба да добива повеќе минути дечкото, солиден играч, интелегентен пред се, посебно кога ќе се земе во предвид дека ова му е само прва сезона како игра во ЛШ, на вакво ниво, Кристопанс покрива доста во одбрана, но во напад има проблеми, посебно ако не му оставаат простор за скок шут, како што беше случајот со РНЛ, кога беше принуден да оди на дуел игра, доста добро си креираше чисти ситуации но завршницата беше слаба, ЈА УБИ МАШКОСТА НА АПЕЛГРЕН, :boksix:во буквална смисла на зборот...:icon_mrgr:
Страшна техника и движења има дечкото, за таа ненормална висина, но мора да поработи на завршницата, во одбрана нема збор, брка страшна работа, и Калараш е добар..
 
https://rkvardar.mk/news/nov-lev-bek-go-zasiluva-vardar

Треба еден портал за ракометни трансфери да отворам. :P
Веројатно првиот Германец што заиграл за македонски ракометен тим?
 
Последно уредено:
@Igorcemk е првиот Германец што научил македонски, не летајте...
Не се зафаќај и ај дојди во темата на Бундес да дискутираме околу Баерн те снема во последно време.

Gesendet von meinem SM-G950F mit Tapatalk
 
Трансферов е многу важен и на долг рок бидејќ ја отвара вратата и за други германски играчи во иднина. Сега се крши мразот, па ако дисинџер изигра солидни сезони и реализира дел од својот потенцијал, во иднина ќе имаме многу полесен пристап и до други германски играчи. Премногу ме радува трансферов, со малку среќа имаме можност да добиеме феноменален играч на лев бек. Мислам дека со добар менаџмент може да се избегнат повредите и дисинџер да го добие континуитетот кој му фалеше досега во кариерата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom